Хрватски денови на осигурувањето во Опатија - Bits of insurance

Хрватски денови на осигурувањето во Опатија

Под високо покровителство на канцеларијата на Претседателот на Хрватска, во Опатија се одржаа петти по ред Хрватски денови на осигурувањето. Оваа е водечка манифестација која ги собира на едно место хрватските и европските стручњаци од осигурителната индустрија.opatija

Учесниците на конференцијата беа поздравени од Hrvoje Pauković, директор на Хрватската канцеларија за осигурување (HUO). Тој на самото отварање им се обрати на учесниците со краток осврт на актуелните теми на осигурителниот пазар во Хрватска. „На осигурителниот пазар се одвиваат бројни промени, како законски, така и оние поврзани со консолидација, и заштита на правата на потрошувачите. Постои стабилен раст на приходите на осигурителите, но постојат и големи очекувања. Хрватска има релативно ниска стапка на осигураност во однос на просекот во ЕУ. Тој во Хрватска изнесува 280 евра премии по жител, додека во ЕУ повеќе од 2,000 евра. Дополнителен раст се очекува со растот на инвестициите, јакнење на економијата т.е. животниот стандард на граѓаните.

По службеното отворање на конференцијата се одржаа три интересни предавања. За регулаторната перспектива на осигурителното работење зборуваше д-р. Анте Жигман, претседател на HANFA. За ревизијата Solvency II говореше Fausto Parente, извршен директор на EIOPA. Следеше предавањето на William Vidonja од Insurance Europe за новостите и законските измени во осигурителното работење не европско ниво. По кратка пауза следеше високо посетена панел дискусија за хрватскиот осигурителен пазар и актуелните трендови. На неа учествуваа Ivana Bratanić (Euroherc osiguranje), Boris Galić (Allianz Zagreb) и Jasminka Horvat Martinović (Wiener osiguranje Vienna Insurance Group). По нив говореа и Goran Jurišić (Jadransko osiguranje) и Damir Vanđelić (Croatia osiguranje).

„Измените во регулативата, примери на имплементација на IDD директивата, носат новости во корист на клиентите кои треба да се поздрават. Измените позитивно ќе допринесат и ќе ја зголемат довербата кон осигурителите, како и подобрување на вкупната репутација на осигурувањето. Но осигурителите треба да ги искористат за поедноставување на своите производи, зголемување на ефикасноста и посилен фокус на клиентите. Клиентот треба да биде мерило за сите наши активности, а клиентите денес бараат брза, дигитална и едноставна услуга. На нас останува сопственото работење, опфатено со регулаторните измени, во тој правец да го трансформираме“. – истакна Damir Vanđelić од Croatia осигурување.

Boris Galić, претседател на Allianz Zagreb истакна: „Верувам во дистрибуцијата на осигурителните производи ќе победат најпрофесионалните, наједуцираните и дигитално најнапредните. Осигурителните друштва во тој процес имаат важна улога и одговорност. Во иднина бројот на продавачи на осигурување ќе биде помал, но ќе се заработува повеќе“.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: