Што кажува извештајот за движењата на осигурителниот пазар во Македонија за 2017 година? - Bits of insurance

Што кажува извештајот за движењата на осигурителниот пазар во Македонија за 2017 година?

Агенцијата за супервизија на осигурување, секоја година на јавноста преку своите анализи им ги доближува бројките на осигурителниот бизнис. Ова за македонската јавност значи да може да ,,ѕирне” во цифрите на големите играчи, кои постојано се околу нас за секаков вид осигурување.ASO

Агенцијата за супервизија на осигурување, Сега го објави годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија, овој пат за 2017 година. Според извештајот може да се констатира дека на пазарот  активно има 16 друштва за осигурување. Од тие 16 друштва, 11 вршат работи на неживотно осигурување, додека 5 друштва вршат осигурување на живот.

Според периодот за 2017 година три осигурително-брокерски друштва добила дозвола за работа. Со тоа вкупниот број сега на македонскиот пазар изнесува 36 осигурително-брокерски друштва. кои вршеа работи на посредување во осигурување. Интересено е што толку и се одземени во делот на застапување во осигурувањето, вкупно 3 дозволи. Сега вкупниот број на друштвата за застапување во осигурувањето изнесува 11. Во делот на банки бројот остана непроменет, односно во текот на 2017 година работи на застапување во осигурување вршат три банки.

Во 2017 година е остварена бруто-полисирана премија  во вкупен износ од 8,99 милијарди денари, што претставува раст од 3,10% во однос на БПП остварена во 2016 година (2016: 8,72 милијарди денари). Во делот за неживотно осигурување е остварена БПП во износ од 7,55 милијарди денари (2016: 7,43 милијарди денари), односно раст од 1,56% во споредба со 2016 година. Кај осигурувањето на живот e остварена БПП во износ од 1,44 милијарди денари (2016: 1,29 милијарди денари), што претставува раст од 11,95% во однос на 2016 година.

Осигурувањето на живот учествува со 16,08% во вкупната БПП на осигурителниот сектор во 2017 година, што претставува зголемување во однос на претходната година (2016: 14,81%). Друштвата за осигурување на 31.12.2017 година располагаат со средства во износ од 20,03 милијарди денари, со што остваруваат пораст од 8,39% во однос на минатата година (2016: 18,48 милијарди денари).

Вкупниот пресметан капитал на друштвата за осигурување забележува раст од 6,84% во споредба со 2016 година, односно на крајот на 2017 година изнесува 5,93 милијарди денари. Маргината на солвентност, пак, како главен индикатор за процена на стабилноста на осигурителниот сектор, изнесува 1,39 милијарди денари, со што капиталот на осигурителниот сектор е 4,3 пати над нивото на маргината на солвентност.

Во текот на 2017 година, осигурителниот сектор оствари добивка по оданочување во износ од 397,34 милиони денари. Притоа, во делот на неживотно осигурување беше прикажана добивка од 315,56 милиони денари, додека пак кај осигурувањето на живот добивката изнесува 81,78 милиони денари.

Во текот на 2017 година немаше промени ниту кај основната, ниту кај пошироката законска регулатива од доменот на осигурувањето. Во доменот на подзаконската регулатива, донесени се три нови подзаконски акти и десет подзаконски акти кои уредуваат измени и дополнувања на претходно донесени подзаконски акти.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: