Зоран Нарашанов од ВИНЕР – Виена иншуренс груп - Bits of insurance

Зоран Нарашанов од ВИНЕР – Виена иншуренс груп

Најчитаниот портал од областа на осигурувањето, xprimm.com објави интервју со Зоран Нарашанов – главниот извршен директор на Виннер – Виена Иншуренс Груп Македонија. Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто.

img_lead_12427

XPRIMM: Кои се Вашите коментари за еволуцијата на осигурителниот пазар во Македонија оваа година?

Зоран Нарашанов: 2018-та беше важна година за позитивни промени на македонскиот осигурителен пазар, кој е во раст. Јавната свесност за осигурувањето се зголемува, на пример клиенти редовно ги посетуваат нашите 90 филијали за да се информираат детално и секогаш да бидат известени за нивните приоритети. Сигурни сме овој раст ќе продолжи и во следната година. Македонскиот осигурителен пазар забележа значаен пораст кај животното осигурување во првиот квартал од 2018-та споредено со истиот период минатата година. Премиите се дуплирани во споредба со претходната година. Дополнително, изминатата година голем развој е забележан во банкарското осигурување, посебно во животниот сегмент. Податоците од анализата покажуваат дека во второто полугодие на 2018-та пазарот забележал раст од 5% кај неживотното осигурување и 15% раст кај животното осигурување. Од ова е очигледно дека до крај на годинава растот на премиите ќе биде уште поголем. Неживотното национално кредитно реосигурување е на 97%, на кое позитивен ефект има реосигурувањето на осигурувањето од автомобилската одговорност со 88%, благодарение на контролата на тарифата од страна на регулаторното тело. Виена иншуренс груп држи 21% од пазарот во Македонија. Што се однесува до предизвиците со кои сме соочени: дигитализацијата како потреба, навика или преференца, беше голем исчекор напред за нас оваа година. Не само во дигиталната продажба, онлајн продажба на патнички осигурителни полиси, онлајн обновување на домашните полиси од авто-одговорност, туку и во дигиталната обработка на оштетните барања исто. Софтверкото решение Winner, беше развиено за да понуди еден понапреден, побрз и полесен пристап до услугите на компанијата, и да се подобри корисничкото искуство. Затоа што сме пионери во имплементација на ваквиот софтвер во Македонија и прифаќање на предизвикот, добивме второ место на VIG Exelerate program.

XPRIMM: Со сегашната состојба на пазарот, кои се вашите очекувања до крајот на годинава и за следната година?

З.Н.: Постојано си поставуваме предизвици и тоа е мотивацијата која, следена со посветеноста и компетентноста на нашите вработени, е магичната формула за успехот на нашата компанија. Ќе ги постигнеме целите утврдени за оваа година и ќе се фокусираме на понатамошен развој на бруто добивката, како и високото ниво на стабилност, позитивни финансиски резултати, и зголемениот број на задоволни клиенти како резултат на брзиот процес на исплата. Нашата компанија се фокусира на одржување на неоданочениот профит на повеќе од 22% од акционерскиот удел и ниво на реосигурителна задолженост под 89%. Ова е 10-та година по ред со најмал број на неисплатени барања, и се стремиме кон континуиран успех, нудејќи осигурителни пакети кои се оптимизирани да ги задоволат потребите и капацитетот на секоја индивидуа и бизнис партнерите. Нашата задача за следната година е да најдеме совршен баланс помеѓу потребата од одговорно осигурување кое е неопходно и можностите на граѓаните да одвојат средства за истото.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: