Биткоинот бележи пад: Предвидување како ќе ја заврши годината - Bits of insurance

Биткоинот бележи пад: Предвидување како ќе ја заврши годината

Пред извесен период ,,Bits of Insurance” пишувавме дека биткоинот дава знаци на живот со искачувањето над 8000 долари. Но, најголем дел од тие што имаат вложено се израдуваа на неговото враќање но на самиот почеток кога се случи пад од 1000 долари. Но, моменталната цена изнесува 3.971 долар што е далеку од “стабилната” цена за биткоин. Пропорционално со биткоинот пад претрпуваат и останатите криптовалути, водено од тоа дека нивната цена е водена од најскапата и најпопуларна криптовалута биткоинот. Аналитичарите веруваат дека криптовалутата ќе се намали на 3.500 долари, а интересно е дека минатата недела изнсуваше 4.300 долари.Bitkoin

Ако ударот е намалување без објаснување, сепак беше позната причината која доведува до намалување на цената на биткоинот. Се работи дека во САД започнала истрага се спроведува истрага во врска со манипулацијата со биткоинот минатата година. Уште едно истражување покажа дека во текот на минатогодишниот раст имало многу сомнителни трансакции, а интересно е што се сите поврзани со криптовалутата тетхер.

Загубите покажуваат дека 70% од капитализација на повеќето виртуелни валути за 2018 година ќе покажат докази за загубата, каде постојано се шпекулира за ова изминатиот период.

Биткоинот падна од 7,6% минатиот петок, а до крајот на повторно се тргуваше по цена од 4.270. Стивен Инес од „Oanda“ очекува докази за капитулација, кои ќе сигнализираат за постигнување на пазарното дно.

Според Стивен Инес од „Oanda“, експертот во областа криптовалутите, биткоинот може да изнесува меѓу 3.500 и 6.500 долари во краток рок, но, неговиот моментален потенцијал е дека може да падне под 2.500 долари до јануари. Конкурентските етер, рипл и лајткоин исто така имаа пад на вредноста со 6,6%, 5,4% и 4%, според „Coindesk“.

Порталот кој ги следи случувањата на ова поле, „CoinMarketCap “ пресметала загуба од неверојатни 140 милијарди долари, што е сериозен импакт за инвеститорите. Што и како ќе биде во наредниот период со вложувањето во криптовалути, ќе покаже времето. Особено ако се знае дека директорката на ММФ, Кристин Легард изјави дека светот е подготвен за дигитални пари. Инаку банките и финансиските институции сеуште немаат дефинирано став за виртуелните валути, со што дополнително се отежнува маркет пазарот.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: