Отпор кон предлогот на ММФ - Bits of insurance

Отпор кон предлогот на ММФ

За предлогот на ММФ околу пензиската реформа која е во најава, верувале или не, први се јавија пензионерите. За нив е неприфатлив предлогот за затегање на условите за предвремено пензионирање. Велат, условите за работа во Македонија се драстично полоши од оние во високоразвиените држави, па листата на професии за кои следува бенефициран стаж, наместо да се намали, треба да се зголеми. Во моментов рударите, полицајците, дел од текстилците, возачите, гробарите, овчарите и други имаат бенефициран стаж, но не и дел од работниците во градежниот сектор. Пензионерите бараат да се врати стариот модел за одење во пензија според работниот стаж.mmf

Владата да не ги прифаќа сугестиите на Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на старосната граница за одење во пензија. Откако беше најавена пензиска реформа, но не се прифати овој предлог на фондот, работниците се се уште исплашени дека во наредните години Владата ќе потклекне под меѓународниот притисок. Од Сојузот на пензионерски здруженија велат дека единствен начин да се намали дефицитот во државниот пензиски фонд е да се отвораат нови работни места и да се зголемуваат платите, а не да се тераат постарите да работат наместо младите.

Пензионерите се против процентуалното зголемување на пензиите два пати годишно согласно растот на платите и трошоците на живот. Велат на овој начин се зголемува јазот во примањата меѓу сиромашните и богатите пензионери. Бараат еднократно покачување за оние со најниски пензии.

Пензионерите сметаат дека е добро тоа што Министерството за труд се одлучило да го зголеми придонесот за пензиско осигурување за колку толку да го намали дефицитот во државниот пензиски фонд, но не се сигурни дали ќе се исполнат очекувањата 28 илјади луѓе да се префрлат од вториот во првиот пензиски столб. Велат секој треба лично да си направи математика дали би му се исплател тој потег. Анализите покажале дека пензијата минимално би им се зголемила, но и дека треба да се има в предвид дека ако осигуреникот почине пред да се пензионира, семејството не би ги добило инвестираните средства.

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: