Marriott со огромни трошоци и покрај сајбер-осигурувањето - Bits of insurance

Marriott со огромни трошоци и покрај сајбер-осигурувањето

По упадот во системите на Marriott станаа компромитирани личните податоци на повеќе од 500 милиони нивни клиенти. Трошоците со кои се соочува Marriott ќе бидат за технологија, безбедност, како и правни трошоци, а ќе изнесуваат милиони долари. Хотелската компанија изјави дека податоците за околу 500 милиони гости од нивната Starwood мрежа се можеби хакирани уште од 2014-та. За околу 327 милиони од нив, личните податоци како дата на раѓање, пол, и број на пасош, се можеби украдени. За некои од случаите можеби информации за употребените платежни картички на гостите може да се откриени, но истите се енкриптирани. Неодамнешна студија на IBM за чинењето на големите информациони пробиви проценила дека нивниот број е околу 50 милиони. Нивната вредност е проценета на вкупно 350 милиони долари. IBM исто направи и проценка на чинењето на загубите, вклучувајќи и трошоците за сајбер-осигурувањето, правните трошоци и надоместувањето на гостите.marriot

Според грубите бројки, во најлош случај доколку 500 милиони корисници се засегнати, трошоците на Marriott ќе изнесуваат 3,5 милијарди долари. Останува нејасно дали корисниците на услугите на Marriott ќе можат да излезат од системот со оглед на оставениот информациски отпечаток. Други променливи во пресметката на трошоците на Marriott ќе го вклучат времето потребно да се индентификува нападот. Алармантно е што базата на податоци на Starwood била достапна на сајбер-криминалци уште од 2014-та. Според IBM, просечното време потребно да се идентификува протекот на информации изнесува 197 денови. Штом се индентификува, просечното време за ставање на протекот под контрола е 69 денови. Дополнително, просечното чинење за поединечен изгубен или украден запис на податоци е 148 долари. Алатки како вештачка интелигенција или полиси за инцидентен одговор можат да ги намалат трошоците.

Осигурувањето на Marriott ќе биде клучно

Marriott во нивниот годишен извештај истакнаа дека имаат сајбер-безбедносна полиса за осигурување од одговорност, но без утврден износ на покриеноста. Од хотелската компанија изјавија дека ова осигурување е наменето да ги заштити од губитоци поврзани со сајбер-ризиците. Но, ова осигурување нема да биде доволно да ги покрие сите загуби и сите барања за исплата поврзани со сајбер-нападите. Уште дотолку, во иднина ваквото осигурување нема да биде достапно за нив поради комерцијални причини. Marriott истакна дека интеграцијата во Starwood системот е ризик сам по себе, како и во глобалниот систем за резервации. Не знаејќи го износот што го покрива сајбер-безбедносното осигурување, тешко е да се каже колку средства Marriott треба да издвои. Сигурно е дека во следните години протекот на информации ќе ги чини милиони долари, ако не повеќе и од милијарда.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: