Моќта на убедување е опасна работа! - Bits of insurance

Моќта на убедување е опасна работа!

Моќта на убедување е способност и вештина. Кога се користи конструктивно тоа е одлично, но понекогаш кога погрешно се насочува, знае да биде и опасна работа.mok

Бризбејн, Австралија, октомври 2018

69-годишниот Греам Роберт Морант беше прогласен за виновен од поротата во Квинсленд во вторникот поради притисок кој го извршил врз неговата сопруга Џенифер Морант да си го одземе сопствениот живот. Џенифер имаше три одделни осигурителни полиси за нејзиниот живот, во вкупна вредност од 1,4 милиони австралиски долари (1 милион долари). Греам по нејзината смрт, требаше да стане единствен наследник на парите.

Австралиецот е прогласен за виновен затоа што пробал да ја убеди неговата сопруга да се самоубие за да може да го побара своето значително наследство од  осигурувањето на живот. Според Гардијан, судот имал докази дека Греам поминал неколку месеци, обидувајќи се да ја убеди неговата сопруга да си го одземе животот, кажувајќи ѝ дека парите ќе одат за изградба на верски центар за заедницата. Греам и рекол на Џенифер дека самоубиството нема да се смета за грев од Бога поради придобивките на црквата.

“Имав таков замор и ревност да живеам”, изјави Греам на полицијата. “Таа имаше таков замор и ревност за да умре”. Џенифер, која имаше 56 години за време на нејзината смрт, претодно  страдаше од хронична болка во грбот. Била пронајдена мртва во нејзиниот автомобил на 23 ноември 2014 година.

Сестрата на Џенифер, Линет Лукас, рече дека Греам бил луд за сите пари. Таа рече дека е сведок на разговорите и убедувањата, каде Греам ја убедувал Џени дека не верува дека тоа би било грев во Божји очи, бидејќи така таа ќе прави нешто добро за црквата, и помагајќи и на заедницата, ќе си обезбеди место во рајот.

Најдобриот пријател на Морант, Јохана  Дент, рече дека Џенифер ѝ рекла дека Греам знаел како може да се самоубие без да чувствува болка. Џенифер наводно му рекла на Дент за време на посетата: “Сега кога ќе се вратам, морам да го направам тоа. Морам да се убијам, а Греам ќе ми помогне “.

Греам се изјасни за невин за обвиненијата пред да биде прогласен за виновен. Судијата Питер Дејвис ја отфрли кауцијата, и покрај тоа што беше мал ризик за јавноста. “Во согласност со насоките што ги дадов на советот, советот заклучи дека г-ѓа Морант не би го завршила својот живот, без убедувањето од страна на сопругот.

Дали имало подобар начин Џенифер да помогне на црквата и заедницата не знаеме, но Греам со сигурност го одбрал најлошиот.

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: