Нафтата не знае кај тера! - Bits of insurance

Нафтата не знае кај тера!

Државите на ОПЕК би требало да го намалат производството на нафтата на 1,4 милиони барели дневно за да се избегне трупање на резерви. Постои сомнеж дека државите можат да постигнат договор за намалување на производството на нафта, поради што цената на „црното злато“ би можела да падне на 40 долари за барел.nafta

„Имајќи го предвид неуспехот на декларацијата за соработка во последните два месеци, тешко дека може да се очекува нејзино продолжување. Зошто да се озакони неуспехот? За продолжување е потребен консензус“, кажа Ардебили, иранскиот претставник во ОПЕК.

„Иран, нормално, нема да го намали производството на нафтата. Тоа никој не смее да го бара од Иран – ставот на Иран е многу јасен: сѐ додека се наоѓаме под американски санкции, не планираме да го намалуваме производството на нафта“, истакна тој.

„Надвладува чувството на очај, особено кај малите произведувачи. Тие изгубија 30 долари по барел во изминатите три месеци и тоа им дава изговор да го напуштат договорот“, додаде Ардебили.

Во исто време, на самитот Г20 кој се случуваше овие денови, постигнат е договор помеѓу Кина и УСА со кои Кина се повлекува од царините на возилата произведени во УСА, за кои првично беше предвидено царината да изнесува 100%. Овој договор со кој се затоплуваат односите помеѓу двата џина, позитивно влијаеше на берзата со нафта и после него се очекува зголемување на цената на нафтата на светските берзи.

Претходно пак, Катар соопшти дека се повлекува од Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК). Одлуката доаѓа откако земјата ги разгледа начините на кои може да ја подобри својата позиција на глобално ниво. Министерот за енергија на земјата рече дека овој потег е „техничка и стратешка“ промена и не е политички мотивиран, објави „Ројтерс“. Катар е членка на ОПЕК веќе 57 години.

Како и да е, ќе следнме и ќе ја очекуваме следната одлука на регулаторната комисија во понеделник, за да видиме како овие реакции на производителите ќе влијаат кај нас.

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: