Бонус програма на Халкбанк - Bits of insurance

Бонус програма на Халкбанк

Со бонус програмата на Халкбанк им се овозможува на физичките лица кои поседуваат кредитни картички од брендот на Mastercard и Visa, да собираат бонус поени при секоја трансакција на веб продавниците кои користат виртуелен терминал од банката.header-about-us

Поените собрани од трансакциите може да се искористат при наредните плаќања во мрежата на ПОС терминалот и E-commerce мрежата од Халкбанк.

1 бонус поен е еднаков на 1 денар, што значи нивната пресметка е доста едноставна.

АКТИВНИ БОНУС КАМПАЊИ: СОБИРАЈТЕ БОНУС ПОЕНИ НА БЕНЗИНСКИ СТАНИЦИ, АПТЕКИ И ВЕБ ПРОДАВНИЦИ!

Листа на активни веб продавници

Собирајте 5 % бонус поени со секоја трансакција направена со кредитната картичка на Веб Продавниците кои користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје

Кампањата стартува на 03.12.2018(понеделник) по 09:00 часот и ќе биде активна до 10.12.2018.

*Поените се доделуваат на вашата кредитна картичка за трансакции извршени на ПОС терминалите и E-commerce мрежата на Халкбанк АД Скопје.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: