Интервју со Вилма Учета Дузлевска, Главен извршен директор на Кроациа Oсигурување Живот - Bits of insurance

Интервју со Вилма Учета Дузлевска, Главен извршен директор на Кроациа Oсигурување Живот

Дузлевска: На животното осигурување му требаат стимулации, не нови даночни оптоварувања.

20181212005009

Сериозен удар за домашните компании кои нудат животно осигурување може да предизвикаат новите законски измени кај данокот на личен данок, вели Вилма Учета Дузлевска, директор на Кроациа Осигурување Живот. Во интервју за Фактор Учета Дузлевска вели дека на животното осигурување му е потребна стимулација, а не дополнително оптоварување. Целата фела бара овој тип осигурување да не се даночи. Во спротивно, може да се очекува забавување на растот во овој сегмент на осигурувањето. Инаку животното осигурување во последните неколку години во земјава расте со двоцифрени стапки. Тоа е значајна економска придобивка за целата земја, но Учета Дузлевска предупредува дека сега е важно растот да не се забавува. Даночните измени сепак, може да бидат брана за следниот раст на оваа индустрија.

Дузлевска: По одреден период на економска и политичка неизвесност во која беше Македонија во изминатите неколку години, оваа година како сектор почувствуваме одредена стабилност која секако се рефлектираше во зголемување на вкупната премија за осигурување на живот. Веднаш да потенцирам дека на премијата за осигурување на живот големо влијание имаат макроекономските фактори. Кога тие одат во нагорна линија, и самата дејност се зголемува. Тука, пред се, мислам на растот на бруто домашниот производ, на стапката на вработеност и на личниот доход, но и на даночната политика. И кога тие покажуваат одредена стабилност тогаш секако и сегментот на животно осигурување се зголемува. За првите девет месеци од 2018 година остварена е премија од 18 милиони евра. Како досега стојат работите, очекувам дека до крајот на 2018 година ќе имаме некаде околу 27 милиони евра премија за животно осигурување, односно очекувам удел од 22 отсто на животното осигурување во вкупната премија. Би кажала дека е тоа позитивна развојна импликација за сите бидејќи и степенот на развој на една пазарна економија меѓудругото се мери и по учеството на животното осигурување во вкупната остварена премија.

За нас како компанија, 2018 година, би рекла, е историска година по остварување добри финансиски резултати.Растеме во однос на минатата година со 24 отсто, додека вкупниот пазар за осигурување живот расте со стапка од 15 отсто. Кроациа Oсигурување Живот се издигна доста над пазарот изминативе две – три години. Тоа посебно беше димензионирано оваа година кога е остварен апсолутен раст на премија дури поголем од сите останати компании на животно осигурување заедно.

Прочитајте го целото интервју на faktor.mk.