Зголемени ризиците на пазарот со криптовалути - Bits of insurance

Зголемени ризиците на пазарот со криптовалути

Најпопуларната криптовалута биткоин, но и останатите криптовалути во текот на 2018та година поминуваат низ значајна и континуирана ценовна корекција. Криптовалутите во најголемиот дел од светот се сѐ уште нерегулиран облик на вложување кој го следат бројни правни несигурности. Во декември 2017та биткоинот накратко ја премина цената од 19 илјади долари, а денес се тргува за под 3,500 долари. Пазарната капитализација на сите поважни криптовалути од јануари до декември 2018та падна од околу 800 милијарди на околу 110 милијарди. Како пазарот со криптовалути силно растеше во 2017та, така во 2018та минува низ значајна корекција. Освен нагласениот пазарен ризик, вложувачите во криптовалути треба да се свесни и за останатите ризици поврзани со овој тип инвестирање. Во продолжение ќе ги наведеме само некои од ризиците кои често се поврзуваат со криптовалутите.btc

Обиди за кражба на идентитет

Инвеститорите во криптовалути се многу често изложени на различни обиди за кражба на идентитетот преку интернет. Лицата кои лажно се претставуваат како даватели на услуги се обидуваат да ги наведат вложувачите да ги откријат личните информации. Тоа особено се однесува на  лозинките и приватните клучеви, а ова најчесто се прави преку нивно внесување на лажни веб-страници. Неретки се и обидите за кражба на личните податоци преку пораки на социјалните мрежи. Лажните интернет страници и пораките на лицата кои сакаат незаконито да дојдат до лични податоци не секогаш лесно се препознаваат. Тие често се слични со страниците на автентичните даватели на услуги, поради што е потешко да се направи разлика. Пазарот на криптовалути го обележува многу високо ниво на асиметрија на податоците. Не постои јасна правна обврска за информирање околу факторите важни за формирање на цената на производот со кој се тргува.

Лажни информации и манипулации

Значаен број на индикации упатуваат на раширена појава на манипулации или обиди за манипулации на пазарот со виртуелни валути. Ова е особено видливо преку таканаречените “pump & dump” групи на различни сервиси за размена на пораки. Исто така, на пазарот со криптовалути често има изразен сомнеж околу вистиноста на одредени значајни информации. Тоа се однесува на на лажниот волумен на тргување на пазарите, како и кредибилитетот на stablecoin-от. Со оглед на природата на криптовалутите, сѐ повеќе се присутни безбедносните ризици на информационите системи на кои тие се тргувани. Затоа вложувачите во криптовалути мора добро да се запознаат со техничката страна на овие информациони системи кои самите ги користат

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: