Немојте никогаш да го прекинете животното осигурување: Еве зошто - Bits of insurance

Немојте никогаш да го прекинете животното осигурување: Еве зошто

Животното осигурување е развиено на високо ниво на светскиот пазар. Зошто во Македонија неговата стапка на развиеност не е толку голема? Дали луѓето се плашат од овој чекор или пак не се доволно информирани?Zivotno Osiguruvanje Zosto ne treba da se prekine

Секоја осигурителна компанија која се занимава со животно осигурување треба да го знае правилниот начин на пристап до своите клиенти. По пристапувањето, осигурителниот агент треба соодветно да ги објасни правилата и условите. Доколку се одлучите за животно осигурување треба да ги знаете сите услови. Животното осигурување е една од подобрите инвестиции која може да ја направиме лично за себе и нашите најблиски.

Денес секојдневно се случуваат трагедии, тоа е неизбежно. При секое вклучување на телевизорот, при отворање на социјален медиум ние сме сведоци на несреќи. Пожари, земјотреси, авионски или сообраќајни несреќи се само дел од ризиците кои не знаеме дали и кога може да не стигнат. Сето ова ја крева свеста кај луѓето за осигурување низ целиот свет. Одредени ситуации не поттикнуваат повторно да размислиме за некои одлуки кои што внимателно сме ги донеле во минатото. Една таква одлука е одлуката за животно осигурување.

Кога се работи за животно осигурување, свесни сме дека се работи за битна работа, па според тоа, мораме при изборот да пристапиме малку посериозно. Секој несомнено го мисли најдоброто за себе и за своите блиски, па од тука произлегува и потребата за добра анализа.

Животното осигурување е повеќе од само осигурување!

Моменталната економска ситуација ни приложува уште поголем интерес за животно осигурување, бидејќи осигурувањата од овој тип дават сигурност и заштита во случај на непогодна ситуација како што е, на пример, смртта на осигурената личност.

Дали вашето семејство зависи од вашите приходи? Или пак, имате кредитни обврски кои што во случај на ваша смрт би можеле да се префрлат на вашите најблиски, со што дополнително би им ја отежнале ситуацијата? Можеби во моментот сметате дека средствата кои што ги одвојувате за плаќање на животното осигурување можете подобро да ги искористите за други работи, но доколку во иднина одредени околности во животната ситуација се променат, повторно би склучиле договор за осигурување на живот.

Ако ја прекинете полисата пред време, поголемата сума на вложени средства ќе биде изгубена

Одлуката за прекин на полисата за животно осигурување во првата третина од нејзиното траење е најнеисплатливо, бидејќи откупната вредност се пресметува заедно со факторите на откупот чија вредност се зголемува како што се приближува рокот на истекот на осигурувањето.

Колку што е подолг временскиот период од датумот на склучување на договорот за животно осигурување толку повеќе се исплати осигурувањето, бидејќи трошокот, кој што се зема во предвид кај факторите на откупот, се намалува со самото траење на осигурувањето.

Поради таа причина, ве советуваме само во исклучителни случаи да го искористите правото за исплата на откупната вредност на осигурувањето. Ако во општите услови на осигурувањето има можност за плаќање на аванс, препорачиво во такви случаи е да се одлучите за делумна исплата на откупната вредност, при што осигурувањето трае и понатаму.

Можеби сте присилени да ги намалите месечните трошоци, па ви паѓа на памет да ги прекинете трошоците за животното осигурување. Но, пред да ја донесете таа одлука, запрашајте се дали тоа навистина се исплати.

Атанас Димовски