Wiener Osiguranje VIG најуспешна инвестиција во БиХ - Bits of insurance

Wiener Osiguranje VIG најуспешна инвестиција во БиХ

Weiner Osiguranje VIG Бањалука на изборот организиран од Агенцијата за унапредување на странски инвестиции на БиХ доби признание за најуспешна инвестиција. На Срѓан Шупут – генералниот директор на Weiner osiguranje, плакетата му ја врачи министерот за трговија на БиХ Златан Вујановиќ.wiener

„Ова признание е значајно не само за нас, туку и за групацијата на која припаѓаме. Vienna Insurance Group е најголема осигурителна групација во Централна и Источна Европа која интензивно вложува во БиХ последниве пет-шест години. Многу ни е мило што државата ги препозна вложените напори. Ова за нас претставува знак дека сме на правиот пат и секако е поттик за наш понатамошен раст и развој“. – изјави Шупут.

Традиционалната манфестација „Избор за најзначаен инвеститор во БиХ“ се одржа во Сараево на 18.12.2018 година. Weiner Osiguranje е единствена компанија од финансискиот сектор која се најде помеѓу добитниците на ова признание. „Инвестициите во БиХ се повеќе од потребни, пред сѐ поради унапредување на самата економија и конкуретноста на пазарот. Но и за отворање на нови работни места, како и сѐ друго што носи квалитетен раст и развој за државата“.

Инаку Weiner Osiguranje VIG Бањалука е акционерско друштво основано од 1992 година под името SOD Jahorina. Работи на територијата на БиХ и основач е на “Jahorina Auto“ , специјализирано претпријатие за технички преглед на возила. Оваа компанија во повеќе од 20 градови низ БиХ нуди услуги на тенички преглед и осигурување од авто-одговорност. Покрај генералната дирекција во Бањалука  и 11-те филијали, како и 50 продажни места, во Weiner Osiguranje се вработени 228 луѓе. Во 2012та Vienna Insurance Group станува сопственик на 100% од акциите, а под новото име работат од декември 2014та година. Меѓу своите услуги нуди мешовито животно осигурување, футура осигурување, како и дополнително осигурување со мешовито осигурување на живот. Лидери се во БиХ во областа на авто-осигурувањето, осигурување од одговорност – општа и професионална, како и земјоделското осигурување.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: