ТТК банка прослави 25 години постоење - Bits of insurance

ТТК банка прослави 25 години постоење

ТТК Банка АД Скопје го прослави јубилејот од 25 години од основањето на еден од нејзините претходници Тетекс Банка АД Скопје.

На 25. декември 1993 година беше формирана Тетекс Банка АД Скопје, еден од правните претходници на денешна ТТК Банка АД Скопје.Идејата за формирање на уште една банка во Република Македонија веднаш по нејзиното осамостојување потекна од АД Тетекс Tетово од тогашниот и сегашен Претседател на Надзорниот одбор на Банката, г-дин Глигорие Гоговски.ttk

Подоцна во 2001 година Тетекс Банка АД Скопје со спојувањето со Кредитна Банка АД Битола ја оформија Тетекс – Кредитна Банка АД Скопје, која пак од 1 јуни 2006 година со Тетовска Банка АД Тетово, продолжи да работи под денешното име ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје останува да биде горд сведок на историјата на развојот на банкарскиот систем, особено во тетовскиот регион, во кој според документите банкарството почнува да се развива  уште во 1930 година со формирањето на тогашната Тетовска Кредитна Банка АД, како една од најстарите банки во македонската банкарска историја до денес..

Денес, ТТК Банка АД Скопје, е успешна банка со стабилен позитивен раст. Банката располага со широко распространета мрежа од вкупно 7 филијали, 19 експозитури и 2 шалтери низ цела територија на Република Македонија.