УЈП ќе биде отворен и утре - Bits of insurance

УЈП ќе биде отворен и утре

Со оглед дека истекува крајниот рок за регистрација во системот е-персонален данок, од УЈП известуваат дека и утре, в сабота, регионалните дирекции Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Прилеп и Штип ќе бидат отворени од 8 до 14 часот.UJP

Даночните канцеларии коишто се отворени во скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров ќе работат заклучно до денеска до 18 часот.
Даночните канцеларии во општините Кисела Вода и Гази Баба денеска ќе бидат отворени до 16:30, додека во општина Чаир даночната канцеларија ќе работи и на 31 декември, в понеделник.

Воедно, Управата за јавни приходи известува дека досега на системот e-pdd се регистрирани околу 620 000 граѓани. Со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат.