Никако да ни тргне! Нов удар врз Македонската економија - Bits of insurance

Никако да ни тргне! Нов удар врз Македонската економија

Има една анегдота за лисицата која трчала по бравот. Трчала трачала, но тоа што го очекувала да падне на земја за да го земе, никако не паѓало. Вака некако слично е поставен односот на Македонија кон ЕУ. Љубовта е еднострана некако или па така ни се чини.ekonomija

Но не е до тоа како нам ни изгледа, туку до фактите. А фактите велат дека ЕУ за следната година, воведува квоти кон Македонија за увоз на челик и алуминиум. Ни помалку ни повеќе, туку кон една гранка која значително придонесува во БДП-то на нашата држава.

Оваа одлука на ЕУ се должи на зголемувањето на царините за увоз од страна на УСА и Трамп, со кои сакаат да го заштитат својот пазар, па аналогно на тоа, соодветен чекор превзема и Унијата за заштита на пазарот на ЕУ.

Согласно новата формулација, земен е просекот на извоз на овие компании од 2015, 2016 и 2017 година  зголемен за пет отсто раст. Се што е над тој износ ќе биде царинето со 25 отсто. Проценките се дека штетата што би ја имала Македонија од оваа мерка, би можела да биде до 100 милиони евра на годишно ниво на извозот, што за држава како нашата е навистина голем удар.celik

Колку оваа мерка ќе ја разниша нашата економија ќе видиме на крајот на следната година, а дотогаш ќе се надеваме дека љубовта ќе ни биде соодветно возвратена, па ќе ни дадат датум за почеток на преговорите.

Гане Ангелов