Осигурување на животни: Кои се критериумите за да направите осигурување? - Bits of insurance

Осигурување на животни: Кои се критериумите за да направите осигурување?

Како во светот, така и во Македонија, се почесто семејствата се одлучуваат да имаат домашни миленици. Семејствата во кои се чуваат миленици, добро ја знаат врската помеѓу миленикот и човекот. Се почеста е појавата на згрижување  вдомување на миленици кои се напуштени или оставени од своите сопственици. Тоа е со цел да се направи и добро дело кон општеството. Исто така и да се најде “партнер“ со кој во домот ќе се внесе ведрина и забава. Скоро и да нема семејство со деца, каде оваа тема не била ставена на дневен ред.Osiguruvanje zivotni Slika

Кои видови животни можат да се осигурат?

Ова осигурување е наменето за домашни животни (коњи, говеда, свињи, овци, кози, пердувести животни), домашни миленици (кучиња), пчели, риби и егзотични животни. Основното покритие обезбедува животните да се осигурат од смрт од болест, или несреќен случај. Со одредена доплата можат да се вклучат покритија за следните случаи: губење на ждребе, или теле при ождребување/отелување. Исто така, делумно умирање на пчелните семејства од хемиски препарати, кои што се користат во земјоделството. Потоа лекување на домашни миленици (кучиња) ибегање на риби од рибогоилиште поради поплава, или буици.

Исто така можат да се осигурат животни за време на престој во карантин, животни на изложби,егзотични животни во и надвор од зоолошки градини, машки приплодни грла, од опасност за загуба на приплодната способност.  Триглав Осигурување, како општествено одговорна компанија, нуди дополнителни поволности за осигурување на домашни миленици (кучиња), кои се користат за медицински потреби кај деца со аутизам и кај слепи лица.

Која е потребната документација за осигурување животни

За да се направи осигурување на потребно е да се исполнат следниве критериуми:

  1. Единствен регистарски број на одгледувалиштето (РБО);
  2. Доказ за сопственост на животните (за кучиња и егзотични животни);
  3. Бројна состојба на РБО (за добиток) каде се наведени бројот на ушните маркици, датум на раѓање на грлата, раса и датум на регистрација на грлата;
  4. Единствен број за идeнтификација на кучиња;
  5. Изјава од матичен ветеринар дека животните се во добра здравствена состојба пред да влезат во осигурување.

Атанас Димовски