Дигитална обработка на штетите во 2019 - Bits of insurance

Дигитална обработка на штетите во 2019

Промената кај очекувањата на корисниците, рекордните катастрофални загуби, како и диструптивните технологии, бараат менување на начинот на исплата на штетите. Следната 2019 година ќе биде пресвртна за осигурителната индустрија, со прифаќањето на дигитално процесирање на барањата за исплата на штетите. Оние што ќе задоцнат можеби ќе се соочат со опаѓање на профитот и променлива база на клиенти.procesiranje

Осигурителите предводат во AI и технологијата на автоматизација

Денес вештачката интелигенција (AI) и технологиите на автоматизација како роботско процесираната автоматизација (RPA) се омилени кај компаниите и инвеститорите. Инвестициите во AI се зголемиле од 2000та навака се зголемиле за пет пати. Според извештај на International Data Corporation, трошоците во ова поле пораснале за 54,2% од 2017 до 2018. Она што привлекува внимание е дека осигурителите предводат. Во изминатиот период во AI на глобално ниво oсигурителната индустрија инвестирала во просек 124 милиони долари по компанија. Ова е за 54 милиони долари повеќе во била која друга индустрија. Според Светскиот осигурителен извештај за 2018, 80% од осигурителите планираат да инвестираат во AI и RPA во следните три години.

Многуте податоци и нивното побрзото процесирање овозможуваат трансформација

Еден од најважните фактори за напредок во технологијата за обработката на штетите е големиот број на податоци.  Може да доаѓаат од документи за лична идентификација, постови на социјалните мрежи, временски прогнози, па сѐ до препознавање на регистрарските таблички.  Компјутерски алгоритам ги користи овие податоци од повеќе извори и овозможува ефикасност во обработка на барањата за штета. Преку него се овозвможува  автоматско распределување на клиентите и исто така помага во осигурителните истраги. Друг чекор кон побрза обработка на барањата за штета е еволуцијата која машинското учење ќе ја достигне во 2019. Тоа е доволно долго присутно за од регуларно да прерасне во напредна анализа на податоците. Како што пристигнуваат барањата, стотици влезни параметри се споредуваат помеѓу себе за да се утврди дали исполнуваат услови за исплата. Системите одат преку структурната анализа на податоци, а неструктуираниот текст и дигиталните слики стануваат клучни за автоматизација на процесирање на барањата.

Telematics и преобразба на системот за проценка на штетата

Internet of Things (IoT) апликациите исто така го забрзуваат чекорот на обработка на барањата за штета.  Во 2019 ќе се зголеми употребата на овие технологии што ја зголемуваат точноста на информациите за пријава на штета. Telematics системите праќаат податоци од сензорите директно до осигурителот веднаш откако ќе се случи незгодата. Овие системи може да се синхронизираат со мрежи кои ја автоматизираат проверката на покритието и проверката на податоците за осигуреникот. Со податоци за брзината при ударот, отворањето на ербегот, и користење на ременот при возење, полесно се утврдува одговорноста. Слично на ова се и смарт уредите во домовите кога станува збор за имотно-осигурителните оштетни барања. Сензорите автоматски испраќаат податоци за локацијата и зафатеното подрачје за осигурителите веднаш да можат да го започнат процесот на обработка. Примената на IoT ветува побрза обработка на барањата и побрза исплата, со што и корисникот и осигурителот се подеднакво задоволни.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: