Мастеркард со промена во логото - Bits of insurance

Мастеркард со промена во логото

Компанијата Мастеркард изјавија дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане препознатливиот црвено-жолтиот круг. Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.MasterCard-old-vs-New-Logo

Мастеркард во последните години настојува да се позиционира како „технолошка компанија во индустријата на глобално плаќање“.

Според анализите 80 проценти од луѓето го препознаваат логото на Мастеркард иако не го содржи името на компанијата. Еден од директорите на маркетиншката компанија Метафорс Ален Адамсон нагласи дека „сликата кажува повеќе од зборовите“.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: