Охридска банка вработува - Bits of insurance

Охридска банка вработува

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.ohridska-banka-1-580×219

Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  •   Одлично познавање на производите на Банката и постоечките клиенти
  •   Промоција на актуелните производи на Банката
  •   Закажување состаноци со постојани и потенцијални клиенти
  •   Собирање на податоци за креирање и ажурирање на досието на клиентот
  •   Подготовка на понуда на целосната палета на продукти и услуги на Банката
  •   Подготвување на комерцијален предлог за клиентите
  •   Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволството од користење на производите и услугите на банката
  •   Подготовка на извештаи
  •   Управување на различни видови на трансакции
  •   Водење на заостанати наплатиПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  •   Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
  •   Претходно работно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција;
  •   Развиени продажни вештини и техники;
  •   Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  •   Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност;
  •   Одлично познавање на MS Office ;
  •   Тимски играч;
  •   Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО ИНДИВИДУАЛНИ КЛИЕНТИ

Локација: Кичево

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 11.01.2019 год. на: [email protected] со задолжителна назнака „Референт за односи со индивидуални клиенти – Кичево“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: