Осигурување на стока во превозот - Bits of insurance

Осигурување на стока во превозот

Осигурувањето претставува трговска дејност која што задира во сите гранки на бизнис секторот. Во современите услови на трговско работење, непоимливо е превезувањето на стока во отсуство на осигурителна полиса со важност до крајната дестинација на испорака на стоката (последново се однесува само на случаите кога станува збор само за полиса за покривање на штетата за време на транспортната маршута). Покрај правните аспекти, што подразбира договорот за осигурување,темелното апсолвирање на ова проблематика бара анализа на осигурувањето како трговска дејност. Анализата на правната рамка и дејност на осигурувањето се во насока на осознавање на проблематиката во поширок контекст.Transport osiguruvanje

Договорот за осигурување се склучува по концептот земи или остави (take or leave it), што во основа значи дека договорот станува перфектен во моментот кога понудениот ќе ги прифати условите за работење на осигурителната компанија, односно согласно теоријата на прием прифатена во нашата правна теорија и законодавство, во моментот кога понудениот ќе го извести понудувачот дека ги прифаќа општите услови за работа. Во правната литература, и во практика ваквиот тип на договори се именувани како атхезиони договори. Договорите склучени по ова концепција, исто така се именувани и како типски договори. Иако во правната литература честопати овие видови на договори се поимаат во исти контекст.

Обезбедувањето на осигурително покритие за пратките без оглед на видот на стоката, на превозното средство и на релацијата е сигурна работа. Во согласност со сопствените потреби, корисникот одбира покритие за копнен, авионски, речен, поморски или за комбиниран транспорт.

Осигурување на стока при транспорт (карго)

Во домашниот и во меѓународниот транспорт, пратките, односно стоките при транспорт, се изложени на големи ризици од делумни и од целосни штети. Осигурително покритие за пратките се однесува без оглед на видот на стоката, на превозното средство и на релацијата. Во согласност со сопствените потреби, корисникот одбира покритие за копнен, авионски, речен, поморски или за комбиниран транспорт. Без оглед на тоа дали основна дејност на правното лице е превоз на стока, трговија, увоз–извоз на стока, шпедитерска компанија или организатор на превоз, секогаш постои решение за осигурување на стоката што се транспортира. Исто така во согласност со Конвенцијата ЦМР (CMR) (Carriers Liability), договорете и полиса за осигурување на вашата одговорност како превозник.

Според осигурителната куќа,,Осигурување Македонија” можете да осигурате стока во меѓународен транспорт (International Cargo). Наменето е за сите трговски увозно-извозни компании, без оглед на тоа дали користат сопствени или туѓи превозни средства, во и надвор од границите на Р. Македонија, насекаде низ светот. Во зависност од обемот на работа, може да се  направи поединечна полиса по пратка – покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“. Или пак годишна полиса – покритие по клаузулата AAR (Against All Risks), односно клаузулата „Против сите ризици“. Исто така има можност за осигурување од дополнителни и од специјални ризици и осигурување по институтска карго-клаузула А, Б, Ц, војна и штрајк, соодветно на последните измени од 1.1.2009 година.

Исто така преку осигурителната куќа,,Осигурување Македонија” може да осигурата пратки во домашен транспорт. Со оваа полиса се покрива штети од физичка загуба или од оштетување на трговските стоки што се транспортираат на територијата на Р Македонија. Пратките се покриени со осигурување од моментот кога ќе го поминат прагот на складот до завршувањето на истоварот.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: