Поседувањето зелен картон останува лично право на возачот - Bits of insurance

Поседувањето зелен картон останува лично право на возачот

Откако претседателот на АСО, Климе Попоски во интервју за државната Македонска информативна агенција (МИА) беше пренесен дека зелениот картон станува задолжителени документ при секоја полиса за автоодговорност за годишната регистрација на автомобил, се покренаа бура на реакции од јавноста.

Тој беше цитиран дека Македонија мора да ја усогласи законската регулативи со онаа на  ЕУ, до крајот на 2019 година. Односно дека ќе се носи нов закон во кој ќе се регулира оваа област. И плус во првичното интервју било потенцирано дека ќе се промени цената на задолжителната полиса.

– Во периодот што доаѓа имаме неколку предизвици во делот на регулативата пред се заради усогласување со ЕУ регулативата. таа е една револуционерна регулатива бидејќи се зголемуваат барањата на друштвата за осигурување во делот на поефикасно управување со ризиците, се зголемува нивото на потребен капитал, зголемено е и нивото на транспарентноста и зајакнато е пред се корпоративното управување. Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие зелено светло, – беше пренесено од МИА.

Сепак од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето беше демантиран делот во интервјуто дека зелениот картон ќе биде задолжителен и беше нагласено дека зелениот картон останува лично право на избор на возачот, како што и било во досегашниот период.

– Поради прецизно и точно информирање на јавноста во интервјуто на претседателот на АСО, Климе Попоски дадео за МИА, Попоски посочи за следното – „Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло„ изјави Попоски во интервју за МИА. Сакаме да ја информираме јавноста дека со оваа нова законска регулатива значи усогласување со европската директива за осигурување позната како Солвентност 2 и никако не е поврзана со прашањата за осигурување од автоодговорност и зелена карта.

Во интервјут, Попоски запрашан за зелената карта како дел од полисата за автоодговорност при регистрација на возила, како и прашањето за либерализација на цените, тој потенцираше дека истите тие ќе стапат во сила со влез на Македонија во Европска унија. Но дека останува како опција ако Владата е заинтересирана да донесе одлука овие две области да се имплементираат и пред влез во ЕУ, во периодот на отпочнување на преговорите за пристапно членство.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: