Како blockchain технологијата го револуционизира осигурувањето - Bits of insurance

Како blockchain технологијата го револуционизира осигурувањето

Blockchain технологијата радикално го менува начинот на работење во осигурителната индустрија. Овозможува транспарентност помеѓу сите страни во трансанкциите, што е поддржано со висок степен на заштита и доверба. Тоа е дистрибуирана отворена база на податоци во која трансакциите и записите може да бидат потпишани и верификувани. Притоа, не е потребен надзор од некоја централна организација. Оваа технологија може да се смета како најнова револуција во полето на осигурувањето. Во иднина ќе овозможи учество на брокери, агенти, реосигурители и бизнис партнери. Ова секако води до систем кој им нуди на клиентите доверба во безбедноста и точноста на нивните податоци. Банкарските  и берзанските пазари имаат воспоставени системи на размена, па има шанса дополнително да се развиваат преку blockchain технологијата. Ова не е и случај со осигурителната индустрија. Во осигурувањето не постои природна размена на која може да се примени blockchain технологијата.blockchain1

 Намалување на бројот на измами и пренос на ризикот

Со овозможените функционалности на blockchain технологијата полесно станува да се забележат и елиминираат грешки кои се резултат на измамничко однесување. Верификувањето на автентичноста на корисниците, полисите и трансакциите е сѐ полесно и помалку напорно. Денес има многу осигурители кои ги користат придобивките на blockchain за да ги намалат измамите и ризиците поврзани со плаќањата. Во САД здравствените осигурители, како и регулаторите, ја сметаат blockchain технологијата како моќно оружје во справување со измамите.

Internet of Things

Како што луѓето стануваат сѐ позависни од смарт уредите, така и волуменот на податоци драстично се зголемува. Ова мора добро да се менаџира како би се задржало нормалното функционирање на системот. Ова е од корист за осигурителите на начин што развиваат актуарски модели или производи врз основа на податоци од корисниците. Користењето на blockchain овозможува менаџирање на мноштвото комплексни мрежи на податоци без потреба од систем на централизација на податоците. Истите нема да се ранливи на напади кои водат до протек на податоци и поврзани со нив измами.

Реосигурување

Да го земеме како пример осигурителот кој бара начин да го сподели ризикот со два други осигурители. Ако се користи blockchain технологијата доколку некој реосигурителите се обиде да пренесе дел од ризикот неовластено сите ќе бидат известени. Ова исто може ја зголеми довербата кај осигурителите кои посигурно ќе ја контролираат изложеноста на капиталот кон одредени осигурени ризици. Друга придобивка од blockchain е многу попрецизно пресметани резерви врз основа на договорите кои се во важност. Автоматското ажурирање на пресметката ќе се добива после секое ажурирање на податоците во базата. Исто така, осигурителите полесно ќе го пренесуваат капиталот со транспарентност, познати ризик фактори, капитална ефикасност и познати критериуми за преносот.

Keywords: blockchain, технологијата, осигурувањето

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: