Вистински потег за сигурна иднина на земјоделците и сточарите: Осигурување на добитокот и земјоделските посеви - Bits of insurance

Вистински потег за сигурна иднина на земјоделците и сточарите: Осигурување на добитокот и земјоделските посеви

Земјоделството во Македонија е една од најзначајните стопански гранки. Оваа гранка располага со повеќе од 190.700 хектари земјиште и има регистрирано над 70 илјади земјоделци. Во Македонија има голем број на култури кои се одгледуваат во земјоделството, но има и голем опсег кои осигурувањето покрива. Тоа се индустриските култури, овошните насади, лозовите насади и градинарските култури.Секоја инвестиција која е паметно направена носи добивки за сите страни. Токму со осигурувањето, земјоделците прават одличен потег во насока на сигурност на посевите и родот кој треба да биде со врвен квалитет. Ризиците како гром, град и пожар се оние од кои осигурителните компании го заштитуваат земјоделецот и неговата работа. Покривањето на овие ризици ги нудат сите компании, но исто така може и сами да побарате дополнително осигирување за пролетен дожд и поплава. Но доколку не сте во можност тогаш можете да ги искористите субвенциите кои ги нуди владата. Владата на Македонија субвенционира  60 проценти доколку се решите да го осигурате вашиот род.stocarstvo

Субвенции за осигурување на земјоделски посеви

Одберете безбедна иднина и искоритете ја можноста да ги осигурите Вашите површини, користејќи ја помошта од државата, која што субвенционира 60% од висината на премијата за осигурување. Се што треба да направите е:

  • Да сте регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства;
  • Да доставите решение од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој, во експозитурите на Триглав Осигурување;
  • Да обезбедите полиса за осигурување;
  • Копија од полисата заедно со пополнето Барање за помош на премии во осигурување поднесувате во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од општината на местото на престој.

Субвенции за осигурување на добитокот

За осигурување во сточарството, осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.

Досега сточарите целосно ја плаќаа полисата, но со измените на Законот за земјоделство во 2016 година имаат право да поднесуваат барања за субвенционирање.

Анализите покажуваат дека во периодот од 2012 до 2014 година  интересот е зголемен за  62 проценти. Просечната вредност на премиите за осигурување во сточарството е скоро 12,5 милиони денари, а  со 60 проценти субвенции би изнесувала 7,5 милиони денари.

Ако интересот за осигурување кај сточарите е голем, тогаш и износот за субвенционирање кој го дава државата  би можел да се зголеми од 5 на 10 милиони денари.

Како е начинот за  да се осигурува добитокот

Животните се осигуруваат на вредност која ќе ја договори осигуреникот со осигурувачот, меѓутоа таа неможе да биде поголема од пазарната цена. Осигуреникот е должен да ги осигури сите животни од ист вид што ги држи на исто место.Процедура за осигурување на добиток е следна: стручната служба во Триглав Осигурување излегува на терен, прави увид и го утврдуваат ризикот за осигурување на кравите. Се контактира матичниот лекар кој треба да ја потврди здравствената состојба на кравите пред да влезат во осигурување. Потребни документи за осигурувањето се: единствен регистарски број на одгледувалиштето (РБО), бројна состојба на РБО каде се наведени бројот на ушните маркици, датум на раѓање на грлата, раса и датум на регистрација на грлата, изјава од матичен ветеринар дека животните се во добра здравствена состојба пред да влезат во осигурување.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: