Што можеме да очекуваме на пазарот на Животно осигурување? - Bits of insurance

Што можеме да очекуваме на пазарот на Животно осигурување?

Помина уште една година во која секторот на Осигурување бележи раст, особено во делот од секторот кој се однесува на животно осигурување каде растот повторно е двоцифрен. Ова, дефинитивно потврдува дека животното осигурување има добра но и стабилна иднина иднина, а за тоа има повеќе причини.zivot1

Главната причина за ова е зголемувањето на свеста кај граѓаните од потребата за ваков вид на осигурување. Не дека граѓаните имаат повеќе пари од претодните години, туку тоа се должи пред се на бенефитите од животното осигурување и производот кој сам по себе ги содржи. Исто така голем плус се и договорите со банките за ризико осигурување, кое дава гаранција дека корисникот на кредит и во случај да почине додека трае рокот за отплата, кредитот на основ на осигуруваето ќе биде покриен, со што нема да се остават долгови на семејството.

Но, да видиме што можеме да очекуваме оваа година.

Кроациа Осигурување живот, неколку години наназад е неприкосновен лидер во животното осигурување. Покрај продажбата на полиси, имаат договори со банки, кои дополнително влијаат на зголемена продажба. Бројот на полиси кои го продаваат, е недоприлив за конкуренцијата. Оваа година, за очекување е и да се зголеми апсолутната сума на премија.

Винер лајв, имаат ново екипирање во продажбата, а соработката со ВФП како едно од најголемите и најактивни брокерски друштва, во најмала рака им гарантира стабилност, па и зголемување на продажбата.

Граве во последниов период вложува доста во развој на продажната мрежа, па за очекување е кај нив да видиме подобри резултати во следнава година.

Уника има мал но стабилен дел од пазарот, па растот и кај нив е неизбежен.

Триглав како компанија која се приклучи во животното осигурување минатата година, ја нема сеуште покажано својата сила и капацитет. Како водечка компанија во неживотното осигурување, очекувано е да ги искористат своите релации и да “нагазат” и во делот на животно осигурување.

Борбата на сите компании веројатно ќе продолжи и во делот на склучување договори со банките кои останаа без договори со осигурителните компании, што дополнително ќе влијае на зголемување на продажбата. Како и да е, очекуваме уште една успешна година за овој сектор, а колку точно изнесува растот ќе видиме од извештаите на АСО кога ќе се сумираат резултатите.

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: