Задолжителна азбука за патување во странство со автомобил: Која е постапката во случај кога во странство се случува сообракајна незгода - Bits of insurance

Задолжителна азбука за патување во странство со автомобил: Која е постапката во случај кога во странство се случува сообракајна незгода

Секој возач знае дека Зелениот картон е неопходен за патување во странство со автомобил и дека истиот претставува осигурување на автомобилот од потенцијална сообраќајна незгода во странска земја. Но, малкумина од нас знаат каква е процедурата на постапување доколку се случи несакан настан. Затоа, поради мирен и пријатен пат, мора да се запознаете со чекорите за постапување во случај на сообраќајна незгода во странство.stay-healthy-traveling-car

Ако ви се случи сообракајна незгода во странство мора да внимавате да одите чекор по чекор за настаната незгода и тоа:

– Пријава на штета која се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.

– Во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот примерок).

– Во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.

– Ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во која се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).

– Ако штетата е предизвикана од неосигурано возило ( независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со рег.таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода.Напоменуваме дека при ова прашање треба да се има во предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.

– Во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво кое ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).

Ако нешто не ви е јасно и доколку имате проблеми при целокупната процедура, можете  слободно да се јавите во осигурителното друштво.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: