Binance отвора нова берза во Европа - Bits of insurance

Binance отвора нова берза во Европа

„Binance“ – најголемата берза за криптовалути во светот според трговскиот обем, започна сосема нова платформа за тргување со валутни парови.

Новата берза ќе биде базирана на островот Џерси, кој се наоѓа меѓу континентална Европа и Велика Британија, која има посебен административен статус.

Џерси има политичка зависност од Британската круна, но формално не е дел од Велика Британија, ниту од Европската унија.227f55c4-0cb7-11e8-8eb7-42f857ea9f09

Благодарение на новата берза, инвеститорите ќе можат да тргуваат со валутни парови за биткоин и етериум во британската фунта и еврото во Европа и Велика Британија, пренесува „CoinDesk“.

„„Binance“ го избра Џерси поради неговата високоразвиена дигитална инфраструктура, стабилната регулаторна рамка и секторот за финансиски услуги од светска класа“, вели главниот финансиски директор на берзата Веи Жоу.

„Binance Jersey“ е посебен објект од матичната компанија „Binance.com“, но ќе ја користи истата технологија.

„Новата берза се уште го регрутира персоналот“, вели Веи.

„Binance“ работела со владината агенција „Digital Jersey“ за развој на новата берза, чија цел е да се создаде околу 40 нови работни места на островот.

За прв пат „Binance“ соработува со Агенцијата во јуни 2018-та година.

Извршниот директор на „Binance“, Чангпенг Жао посочи пред време дека економијата на Џерси, која е базирана на британската фунта, како и близината до Велика Британија и Западна Европа, претпоставува соработка, која ќе донесе не само локални придобивки, но ќе создаде стабилна основа за експанзија на бизнисот и во остатокот од Европа.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: