Вистинско време за вложување во Blockchain криптовалутите - Bits of insurance

Вистинско време за вложување во Blockchain криптовалутите

Група економисти од престижниот универзитет ,,Јејл” смислија техника со која можат да ја предвидат цената на биткоинот со помош на надгледување на однесувањето и флуктуациите на криптовалутата во минатото.blockchain

Јукин Лиу и Алех Цивински анализираа податоци собрани во период од седум години за да утврдат кои индикатори би можеле да влијаат на цената на биткоинот во иднина. Економистите од Јејл исто така ги проучуваа и криптовалутите Ripple и Ethereum за да забележат дали и тие ги следат истите шеми на промени на цената како биткоинот. Нивните заклучоци, објавени во Националното биро за економско истражување, тврдат дека биткоинот и останатите криптовалути се целосно независни од акциите, валутите и останатите средства во однос на факторите кои придонесуваат кон промената на нивната вредност.

„Вредноста на криптовалутите може да се предвиди преку фактори кои се специфични за пазарот на криптовалути, но никако не треба да се земаат предвид истите фактори како и на останатите пазари. Постои временски моментум кој треба да се следи за да се предвиди вредноста на биткоинот“, – пишува во истражувањето. Стратегијата која ја развија овие економисти вели дека инвеститорите треба го следат трендот на пазарот на криптовалути.

Зошто е најдобро време за инвестирање во криптовалутите

Речиси пред нешто повеќе од една година кон крајот на месец декември 2017 година, биткоинот ја достигна највисока цена досега – 20.000 долари. Една подоцна,неговата цена изнесува над 3500 долари. Точно е дека биткоинот изгуби 80% од неговата највисока цена, но истата таа цена е далеку над останатите блокчејн валути.Во тој период имаше страв од страна на инвеститорите да не им избега процесот на тргување во новиот профитабилен сектор. Исто така, треба да се потенцира тоа  бидејќи се одеше со прогнози дека цената на биткоинот ќе оди многу повисоко од тие 20 илјади долари. Според Ари Пол, извршен директор за информатичка технологија во „Blocktower Capital“, со своите прогнози изјавуваше дека можно е цената да отиде и до 50 илјади долари.  Според одредени аналитичари  вредноста од 3.500 долари е момент кој треба да се цени зошто вредносната екпсплозија која се очекува да се случи ќе биде во 2019 година

Светска Банка со издавање првата blockchain обврзница покажа дека е време за инвестирање во оваа технологија

Светска банка го поддржа издавањето на првите blockchain обврзници наменети за широката инвестициска јавност, а нив ги издава Commonwealth Bank of Australia (CBA). Според Ројтерс, двегодишна обврзница е издадена на износ од 100 милиони австралиски долари (73,2 американски долари), а носи дивиденда (coupon) од 2,251 проценти. Наречена е Bondi обврзница што е акроним од Blockchain Operated New Debt Instrument, а воедно е референца за најпознатата австралиска плажа. Главниот мотив за нејзиното издавање не е прибирање капитал, туку тестирање дали новите технологии можат да ја променат неколкудецениската пракса во издавањето обврзници.

Наместо долготрајното „рачно издвојување“, новите технологии можат да го направат тоа многу побрзо и поефтино. „Со ова се напушта традиционалното издавање на обврзници кое се состои од упис на инвеститорите и алокацискиот процес, како и намирување и порамнување во депозитот. Наместо тоа, сѐ може да се направи преку интернет и за многу кратко време“. – за Ројтерс изјави James Wall, извршен генерален директор на CBA.

Охајо е првата држава што прифати данок преку криптовалути

Со промоцијата на OhioCrypto.us, сојузната американска држава Охајо, станува првиoт корисник што прифаќа данок со криптовалути. Меѓутоа, иако идејата не е целосна во однос на плаќањето на сите категории граѓани до фирми. Но, сепак ќе биде запишана како првата држава иницијатор кој вовел вакви промени во финансискиот тек на работа.

Државниот секретар на Охајо, Џош Мандел ја поздрави оваа одлука и кажа дека очекува и другите сојузни држави да го следат овој пример.

– Овој потег е револуционерен на Охајо и многу сме горди. Ова е потег за да обезбедиме за граѓаните повеќе можности за плаќање даноци. Но, исто така гледаме во иднината, односно проектираме лидерство за воведување на блокчејн технологијата, – изјави Мандел.

Атанас Димовски