Подгответе се: Facebook развива криптовалута и ја пушта во... - Bits of insurance

Подгответе се: Facebook развива криптовалута и ја пушта во…

Facebook со своите 2,5 милијарди корисници на глобално ниво и со повеќе од 40 милијарди годишни приходи стана неприкосновен лидер во овој сектор. А поради сериозноста од влијание на блокчејн технологијата, големи се шансите да направат криптовалута. Ако се реализира тоа, тие ќе бидат првата сериозна технолошка компанија која ќе биде лидер и во овој дел на пазарот.Kriptovaluta Slika

Како започна идејата за развивање криптовалута од страна на ФБ

Во јануари 2018-та, Facebook објави дека ќе забрани објавување на спонзорирана содржина чија цел е промоција на криптовалути. Банирањето на оваа содржина се однесуваше на сите објави кои промовираат криптовалути, ICOs, binary options и останати „сервиси“ кои може лажно да ги наведат луѓето да потрошат средства на погрешно место. Според тогашните информации, главната причина за донесување на оваа одлука беше подобрување на интегритетот и безбедноста на Facebook Ads и обид да се спречат измамниците да профитираат.

Интересно е што од прилика еден месец пред оваа одлука, Марк Цукенберг објави статус на својот Facebook профил во кој искажува позитивен фидбек за криптовалутите, како пример за технологија која може да ја децентрализира моќта и да ја врати назад во рацете на луѓето.

Потоа, Марк ја смени одлуката и одлучи да ги отвори вратите за објавување на спонзорирани постови за криптовалути. Иако на прв поглед изгледа дека ќе биде дозволена секаква промоција на ICOs, binary options и криптовалути, известувањето на нивниот блог не е доволно транспарентно. Всушност, вратите за промоција на Initial Coin Offerings остануваат затворени.

За да може одредена компанија да објавува огласи поврзани со blockchain индустријата, истата мора да биде одобрена од Facebook. Секоја компанија треба да поднесе апликација која ќе вклучува лиценци за работа и останати јавни податоци кои не се конкретно наведени во јавното известување.  Во јавноста се појавуваат неколку главни прашања:

– Дали Facebook ги гледа Etherium и Bitcoin како закана? Дали Марк се претставува како фин дечко, а всушност неговата машинерија и војска работат на   случајот да копираат некој blockchain со цел да го имплементираат во бизнис моделот на Facebook и тој да профитира? Дали Facebook работи на креирање на своја криптовалута?

Во месец мај 2018 година, Facebook објавија и известување дека формираат експериментална blockchain група, водена од David Marcus, поранешен executive за Facebook Messenger. Целта на оваа група е да се фокусираат на технологијата на која се основани криптовалути, примарно Bitcoin.  Според досегашните промени во „расположението“ на Facebook, нема да изненади доколку за неколку месеци извадат крипто валута и почнат да го освојуваат светот на blockchain. Остануваме нетрпеливи да ги видиме резултатите од одлуките на Марк и како тие ќе влијаат на целата крипто заедница.

Facebook почна да работи на своја криптовалута

Според Bloomberg, оваа мрежа веќе работи на развивање криптовалута Stablecoin, со што на корисниците ќе им овозможи трансфер на пари преку апликацијата на Facebook за мобилна енкриптирана комуникација WhatsApp. Криптовалутата ,,Stablecoin” ќе бидe поврзана со US долари. Најпрвин предвидено е да се пушти во Индија каде има 200 милиони корисници на WhatsApp. Според официјалните статистики, Индија со своите речиси 500 милиони корисници на Интернет, во светски рамки е на второ место, а на прво место е Кина.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: