ПроКредит Банка вработува - Bits of insurance

ПроКредит Банка вработува

Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка, ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија,  и сте љубопитни за другите земји и култури.981651e37ca861bc059c321d

 ПроКредит Банка вработува: Стручен во сектор за финансии во Централната Управа во Скопје

Потребни вештини/знаење: 

  • Работно искуство од минимум 3 години во банкарскиот сектор во полето на финансии поточно во подготовка/изработка на извештаи кои што се доставуваат до Народната Банка на Република Македонија на регуларна основа (дневна, декадна, месечна, квартална, семестрална, годишна)
  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови
  • Способност за решавање проблеми и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен
  • Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација на сите нивоа

Нето плата од 55.000,00 денари

АПЛИЦИРАЈТЕ!

Аплицирајте со пополнување на податоци и мотивационо писмо преку нашата web страна не подоцна од 04.02.2019.

Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk).

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.

Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: