Кроациа Осигурување се повлекува од намерата за купување на Централ Осигурување и Центар за Тестирање во БиХ! - Bits of insurance

Кроациа Осигурување се повлекува од намерата за купување на Централ Осигурување и Центар за Тестирање во БиХ!

Најголемата  и најстарата Хрватска  компанија за осигурување Кроација Осигурување, негираше дека ќе купи еднократни акции во Централ Осигурување и Тестирачккиот центар. Овие  Осигурителни компании кои работат во Босна и Херцеговина, во средата известија дека ова е конечниот одговор од најголемата Хрватска осигурителна компанија.croacija

Кроација Осигурување на 28ми јуни 2018 година потпишаа рамковни договори за купување на 100-процентен удел во Централната групација за осигурување и тестирање, а во средата, преку Загребската берза, објави дека ќе се откаже од склучувањето на овие трансакции.

Договорот постигнат порано од страна на страните во предметната трансакција нема да биде склучен во овој момент и рамковните спогодби ќе бидат прекинати, според Кроација осигурување.

На крајот на јуни минатата година, Кроација осигурување објави дека Кроација осигурување БиХ, со планираното преземање на Централната групација за осигурување и тестирање, го зголеми вкупниот удел на пазарот до 13 отсто, со што стана лидер на пазарот  во БиХ.

Како што беше наведено во тоа време, Кроациа осигурување БиХ оствари премии за осигурување од 25 милиони евра во 2017 година со удел на пазарот од седум проценти, додека Централ осигурување со премија од 14 милиони евра во 2017 година имаше пазарен удел од четири проценти и Тестирачката група има 16 проценти од уделот на пазарот во техничките инспекции во Федерацијата на Босна и Херцеговина, и  за 2017 година имаа приходи од 6,1 милион евра.

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: