Сајбер закани: како да се заштитите? - Bits of insurance

Сајбер закани: како да се заштитите?

Денешните „паметни“ телефони се многу помоќни од компјутерите користени од страна на NASA при слетувањето на Месечината. Меморијата од 2KB на системот за наведување на Аполо 11 е ништо во споредба со денешните Apple или Android смартфони. Поврзани со неограничен интернет пристап, овие уреди отвараат свет на можности. Технологијата стана толку секојдневна, што е тешко да се живее без неа. Доаѓа со големи предности во секојдневниот живот, но и со ризици помеѓу кој и сајбер заканите од кои треба да се заштитат корисниците.  На глобално ниво, повеќе од три четвртини возрасни лица со корисничка сметка вршат дигитални плаќања и зависат од онлајн банкарството.  Иако сегашниот пазар за лично сајбер осигурување е неразвиен, корисниците бараат полиси кое ќе го преземат нивните лични сајбер ризици. Следуваат практични совети што да преземете за да се заштитите од можните сајбер закани.sajber

Видови на ризици на кои треба да се внимава

Секоја наша онлајн активност содржи елемент на ризик. Но начинот на кој лицата се однесуваат кога се на интернет е одлучувачки за тоа дали се изложени на одредени закани. Ова може да се однесува на зачувување на податоците за кредитната картичка на страницата од каде што купувате. Истово важи и за споделување на доверливи лични податоци преку незаштитена бежична мрежа или страници кои не се енкриптирани. Но ризикот не престанува ако го исклучите Вашиот компјутер или го оставите смартфонот. Се предвидува до 2030-та да има на глобално ниво околу 125 милијарди IoT уреди, што е голем потенцијал за сајбер напади. Мали се шансите цел на напад на хакери да биде фрижидерот во Вашиот дом кој е поврзан со интернет. Сепак, колку повеќе вакви уреди има, толку ќе биде поголем ризикот од напади. Ова може да се должи на недостигот на свесност и знаење што претставуваат смарт уредите и како тие функционираат. Во последниве години, висок профил на сајбер закана е феноменот наречен ransomware. Ваквите напади следат слична шема,  вебсајт или онлајн систем  е преземен од хакер кој од сопственикот бара да исплати откуп. Иако цел на овој тип напади се претежно компаниите, секој може да биде цел на ransomware.

Како корисниците можат да одговорат на ваквите закани

Постојат неколку чекори кои секој може да ги преземе за да се заштити од овие ризици. Преземањето на одговорност за личната сајбер-безбедност и стекнување на добри навики е од критично значење. Првите чекори кој може да ги преземете се:

  1. Користење на уникатна лозинка за секоја корисничка сметка и користење на лозинки кои тешко може да се погодат
  2. Имање на ажуриран безбедносен софтвер и анти-вирус, и автоматски ажурирања на софтверот
  3. Купување и користење банкарски услуги само преку страници со екстра безбедност (адресата да почнува со ‘https://’)
  4. Отворање на атачмент од електронска пошта само ако доаѓа од контакт кој навистина го познавате
  5. Недавање на лични податоци, кориснички имиња и лозинки во одговор на пораки кои наводно се пратени од банки
  6. Редовно правење на backup на вашите работни фајлови, фотографии и музика и нивно безбедно чување

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: