Нови параметри за пресметување придонеси - Bits of insurance

Нови параметри за пресметување придонеси

Просечна плата по работник во Р.Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2019 година изнесува 36.017 денари, соопшти УЈП.ujp

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2019. УЈП информаира кои се новите параметри за пресметки на придонеси:

  • Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008,00 денари (50% од 36.017)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272,00 денари (16 х 36.017)
  • Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204,00 денари (12 х 36.017)

Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН кој го содржи новиот параметар.