Изберете осигурителен брокер за подобро покритие - Bits of insurance

Изберете осигурителен брокер за подобро покритие

Осигурителен брокер е лице, кое за разлика од осигурителниот агент, не настапува од името на одредено друштво за осигурување. Брокерите им помагаат на клиентите при изборот на осигурителна компанија и осигурување кое се со подобри услови и пониски цени. Услугите на осигурителните брокери најчесто ги користат правните лица кои имаат потреба од подобро и комплексно осигурително покритие. Доколку не сте сигурни каков тип на осигурување Ви е потребен, тука можат да ви помогнат советите на осигурителниот брокер. Тој ќе ве води низ изборот на покритието, и ќе обезбеди поволна премија што нема да ги оптоварува Вашиот буџет.

брокер

Во групата на осигурителни брокерски работи спаѓаат:

  • Посредување во договарање на осигурителното покритие на осигурениците
  • Посредување при реализирање на отштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан
  • Снимање ризици
  • Посредување при процена на штети
  • Посредување при продажба на остатоците од осигурените оштетени предмети
  • Воведување мерки за спречување и намалување на штетите и ризиците при неживотно осигурување
  • Изработка анализа на ризикот и предлагање соодветно осигурително покритие на осигуреникот
  • Информирање на осигурителното друштво за намерата на осигуреникот за склучување договор и запознавање на осигуреникот со условите од полисата и со законските услови
  • Посредување во име на осигуреникот при склучувањето договор за осигурување
  • Проверка на содржината на полисите за осигурување
  • Укажување правна помош во осигурувањето

ВФП први во животното осигурување, Осигурителен Брокер во неживотното

Според редовниот извештај на АСО за првите три квартали од 2018, овие друштва склучиле вкупно 237.226 договори. Бруто полисираната премија на осигурителните брокери е проценета на над 1,93 милијарди денари. Според остварената БПП на прво место е осигурително брокерското друштво ВФП. Тие во првите 9 месеци оствариле БПП од 563.159.000 денари, од кои  378.224.000 денари во животното осигурување. По нив се СН Осигурителен брокер со остварена БПП од 233.181.000 денари, и Седа брокер со БПП од 208.258.000 денари. Седа брокер предводи во класата авто-одговорност, со БПП од 177.253.000 денари. СН Осигурителен Брокер имаат најголемо учество во осигурувањето на имот, со БПП од 80.702.000 денари. Во класата каско осигурување на моторни возила на прво место според остварена БПП е СН Осигурителен Брокер со 24.906.000 денари, а по нив се Порше брокер со 22.935.000 денари.