Што се случува со LYONESS? Дали ветерот ги дувна облаците? - Bits of insurance

Што се случува со LYONESS? Дали ветерот ги дувна облаците?

Сте слушнале за LYONESS? А за LYCONET?

Ова се често поставувани прашања кои се слушаа релативно често во последниве години, но се слушаат и сега. Генерално најголемиот дел од граѓаните се запознаети со што значат овие поими и како функционира нивната работа. Македонија е една од земјите каде според бројот на жители, оваа мрежа има најмногу корисници. Некои се одлучија да работат на ширење мрежа, некои сакаа да останат само корисници и да имаат некој повраток од своите трошоци, но има и такви кои инвестираа во мрежата. Она што е интересно во последниов период е турболенцијата околу целата приказна.loyalty

Имено, во Италија на крајот на минатата година, се утврди неправилност на рекламниот систем кој го користи тамошната компанија Lyoness Italia S.r.l. за промовирање меѓу потрошувачите формула за готовина за купување на стоки. Оваа формула се утврдило дека е неправедна, бидејќи во себе содржи пирамидална шема за продажба, која кодексот на потрошувачи ја смета како нефер.

Системот на промоцијавсушност се состои од регрутација на голем број потрошувачи кои по превземањето на улогата на трговски претставници, обврзани се да платат висока цена за влез (2400еур) за да ја започна својата кариера. Потоа тие мора да регрутираат други потрошувачи и да прават дополнителни исплати за да бидат потврдени и да напредуваат во нивната кариера.

Истражувањето покажало дека можноста за добивање на одложено ослободување од готовина во однос на набавките е секундарен аспект.Се покажало дека неколку десетици илјади потрошувачи ги уплатиле потребните пари за пристап, учество и останување во системот, но само мал број од нив успеале да достигнат високи позиции во кариерниот систем.

Затоа во предвид на бројните докази собрани заедно со монополската единица, ICA донесува одлука за казна на Lyoness Italia S.r.l. во висина од 3.200.000 евра! Во меѓувреме, честите реберендирања се сметаат како обид за маскирање на шемата, па останува да се види во која земја Лајонес ќе мигрира откако ќе го загуби својот најголем инвестициски пазар.

Едно останува сигурно. Пари без труд нема! Како во оваа мрежа така и секаде, оние кои се труделе, веројатно и заработиле. Останатите, работете и молете се да не дува ветерот толку силно! Барем не кај нас…

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: