Дали Македонија е подготвена за 7-часовен работен ден и 35 часовна работна недела? - Bits of insurance

Дали Македонија е подготвена за 7-часовен работен ден и 35 часовна работна недела?

Синдикатот на УПОЗ со иницијатива за промена на работното време и измена на Законот за празниците. Со сегашното решение во Законот за работните односи, односно ставовите 1 и 2 од членот 116 е предвидено дека полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, а работната недела по правило трае 5 работни дена. Во ставот 3 од истиот член е наведено дека со Закон или Колективен договор може да се одреди пократко работно време од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно.7 casa raboten den

Со овие измени ќе се воведе 7-часовно работно време, кое реално го имаат и други земји членки во ЕУ.Тоа се Франција, Данска, Италија, Холандија, Ирска и Белгија. Со измена на оваа одредба во Законот за работни односи би се утврдил 7 часовен работен ден, односно 35 часовна работна недела.  Исто тако со измена на Законот за празниците ќе се прогласат 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови

Оваа иницијатива доаѓа по прифаќањето на барањето за флексибилно работно време. Според престедателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, очекува дека ќе добие поддршка од сите страни во овој процес.

– Сметам дека ова е вистински момент за поднесување на Иницијативата бидејќи Министерството за труд и социјална политика е во фаза на изработка на нов Закон за работните односи. Со воведувањето на измените ќе се овозможи добивање на многу бенефиции за граѓаните. Очекувам поддршка од сите страни во реализација на оваа идеја, од работодавачите, работниците, државата и останатите синдикати – изјави Грујовски.

Што ќе се добие со воведување работно време од 7 часови, односно недела со 35 работни часови

Седумчасовното работно време ќе овозможи намалување на невработеноста затоа што се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2% од секој работник, теоретски, ќе доведе до потреба работодавачите да ангажираат дополнителен број на работници. Со тоа ќе се намали невработеноста. Исто има бенефит затоа што во услови на неорганизирана исхрана во органите на државната управа поскап е пладневниот оброк на вработените. Од социјален  аспект, пак, ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството, за  релаксација и рекреација. Во недостаток на целодневна настава на децата-ученици  отежнато е нивното згрижување и семејно воспитување. Тоа е спротивно со заложбите и политиките за  подобрување и зачувување на семејните вредности. Додека од биолошки аспект – работното време особено во попладневниот период не покажува особена креативност и продуктивност. Најголемата креативност и најголемиот дел од работата се завршува до 14:00 часот. Според географската положба денот во Македонија започнува и завршува порано во однос на западноевропските земји.

Сепак на крајот целата идеја се сведува на едно прашање, а тоа е: дали македонската економија е подготвена за радикален чекор од ваков тип?

Атанас Димовски