Секој граѓанин е задолжен со дополнителни 200 евра - Bits of insurance

Секој граѓанин е задолжен со дополнителни 200 евра

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.

Во просек, ова се дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра.3579366

Истовремено, податоците за извршување на Буџетот на државата за 2018 покажуваат катастрофаллна реализација на капиталните инвестиции, односно инвестиции на државата во проекти како патишта, железници, училишта и болници.

Од првично планираните 394 милиони евра капитални инвестиции од страна на Владата, реализирани се само 198 милиони евра. Ова е убедливо најлоша реализација на капитални проекти во последните десет години. Поголема реализација на капитални проекти имало и за време на светската економска криза.

-За македонската економија минатата година беше катастрофална. Ние минатата година 6 месеци бевме во минус, не во раст, не во нула, туку во минус. Кога вели владата нула, тогаш знаете дека сте во минус, истакна неодамна економистот и консултант Горан Рафајловски во емисија на телевизија Телма.

Министерот за финансии Драган Тевдовски пак вели дека долгот е под контрола. Тој на неколку наврати во изјави истакнува дека еден од најголемите успеси на Финансии во 2018 година е тоа што долгот е под контрола.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: