УниКредит и Сосиете Женерал формираат банкарски гигант од светски размери!? - Bits of insurance

УниКредит и Сосиете Женерал формираат банкарски гигант од светски размери!?

Извршниот директор на најголемата италијанска банка УниКредит, Жан-Пјер Мустиер, размислува за меѓународно проширување преку спојувања и превземања на локални банки во Франција, Англија и Шпанија, смета Алесандро Мацуко, кој е претседател на фондацијата “Кериверон Бeнкинг”, која поседува 1,8% од акциите на УниКредит.unicreditsociete

“Прилично сум сигурен дека Мустиер сака и е подготвен да направи некаков бизнис и тоа не е само Франција, туку и во Англија и во Шпанија”, рече Алесандро Мацуко на една конференција.

УниКредит одби да ја коментира изјавата на Мацуко, што значи дека ниту ја потврди, ниту ја отфрли информацијата.

Мустиер претходно за магазинот “Еуромани” изјави дека не очекува спојување со друга банка се до крајот на 2021 година.

Извршниот директор додаде дека Банката ќе ги процени стратегиските опции, вклучително и спојувањата, дури по завршувањето на планот за закрепнување на крајот од 2019 година.

Минатата година во јавноста се појавија шпекулации дека италијанската банка УниКредит и француската Сосиете Женерал би можеле да размислат за поврзување и спојување во еден банкарски гигант, но сеуште нема најава за такво нешто.

Извор: Банкарство

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: