Агенцијата за млади и спорт објави оглас за финансирање на младински НВО: Ова се критериумите ако сакате да учествувате - Bits of insurance

Агенцијата за млади и спорт објави оглас за финансирање на младински НВО: Ова се критериумите ако сакате да учествувате

Младите како позитивна движечка сила и промотор нa новите вредности нa општеството и државата се секогаш приоритет во Македонија. Токму,  АМС, повторно објави повик за финансирање на невладините организации во насока на поддршка на активности кои се однесуваат на младите . Огласот исто е во насока на подобрување на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата. Тоа се развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, како и нивна едукација. Ќе се обрне внимание и на унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица. Ќе се поттикне и критичната мисла кај младите,во насока на потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа.  Младинските невладини организации имаат можност да аплицираат со поднесување проект до Агенцијата за млади и спорт заклучно со 02.03.2019 година.AMS Oglas

Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на директорот на Агенцијата за млади и спорт, на предлог на Комисија формирана од директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Финансиската поддршка ќе биде во висина од 70% од предлог-буџетот во проектот, но не повеќе од 300.000 денари, во следниве приоритетни тематски  области:

  • Младинско учество
  • Младинска работа
  • Младинско информирање
  • Квалитет на живот
  • Вработување и поддршка пред вработување
  • Здравје
  • Култура

Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Предлог – проект;
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  4. Наративен извештај за изминатата фискална година (2018);
  5. Финансиски извештај за изминатата фискална година (2018);
  6. Завршна сметка на здружението или фондацијата за претходната година (2018);
  7. Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот.

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Доставените прилози не се враќаат.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 02.03.2019 година.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија бр.38

(Палата „Панко Брашнаров“)

1000 Скопје

или да се достават лично во архивата на Агенцијата за млади  и спорт  до 16:00 часот.