Кои се најголемите осигурители во светот? - Bits of insurance

Кои се најголемите осигурители во светот?

Листата на најголемите топ 25 осигурители во светот беше објавена од глобалната рејтинг агенција A.M. Best. Американскиот здравствено-осигурителниот гигант United Health Group Incorporated се најде на врвот на листата според нето наплатените премии. Тие во 2017 година успеале на име премии да наплатат 158,8 милијарди долари. Alianz SE е крунисан за најголемиот светски осигурител според вкупно сопствени средства, искачувајќи се за две места погоре од 2017-та. Рангирањето на светските најголеми глобални осигурителни компании беше објавено на 31 Декември 2018. Најголемите 25 осигурителни компании во светот според  нето наплатените премии, изразено во американски долари, се:svet

  1. UnitedHealth Group Incorporated (држава: С.А. Д.; нето наплатени премии : $158,5 милијарди)
  2. AXA S.A. (држава: Франција; нето наплатени премии: $104,5 милијарди)
  3. China Life Insurance (Group) Company (држава: Кина; нето наплатени премии: $97,6 милијарди)
  4. Ping An Insurance (Group) Company of China Ltd. (држава: Кина; нето наплатени премии: $90,3 милијарди)
  5. Alianz SE (држава: Германија; нето наплатени премии: $86,8 милијарди)
  6. Anthem, Inc. (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $84,2 милијарди)
  7. Kaiser Foundation Group of Health Plans (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $83,6 милијарди)
  8. Assicurazioni Generali S.p.A. (држава: Италија; нето наплатени премии: $77,5 милијарди)
  9. State Farm Group (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $69,9 милијарди)
  10. People’s Insurance Company of China Ltd. (држава: Кина; нето наплатени премии: $68,9 милијарди)
  11. Berkshire Hathaway Inc. (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $62,2 милијарди)
  12. Munich Reinsurance Company (држава: Германија; нето наплатени премии: $57 милијарди)
  13. Prudential plc (држава: Обединетото Кралство; нето наплатени премии: $56,6 милијарди)
  14. Aetna Inc. (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $53,9 милијарди)
  15. Humana Inc. (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $52,4 милијарди)
  16. Nippon Life Insurance Company (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $50,6 милијарди)
  17. Life Insurance Corporation of India (држава: Индија; нето наплатени премии: $48,9 милијарди)
  18. Centene Corporation (држава: С.А.Д.; нето наплатени премии: $46,1 милијарда)
  19. Dai-ichi Life Holdings, Inc. (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $46 милијарди)
  20. National Mutual Insurance Federal Agricultural Cooperation (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $45,2 милијарди)
  21. Tokio Marine Holdings, Inc. (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $42,5 милијарди)
  22. MS&AD Insurance Group Holdings, Inc. (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $42,3 милијарди)
  23. Zurich Insurance Group Ltd. (држава: Швајцарија; нето наплатени премии: $41,1 милијарди)
  24. China Pacific Insurance (Group) Company, Ltd. (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $40,8 милијарди)
  25. Japan Post Insurance Company, Ltd. (држава: Јапонија; нето наплатени премии: $39,6 милијарди)

Гоце Илиевски