Роби Телекабел: Човекот кој направи цела Македонија да прогледа, сега ќе направи и да прозборе!! - Bits of insurance

Роби Телекабел: Човекот кој направи цела Македонија да прогледа, сега ќе направи и да прозборе!!

Роберт Димитров, попознат како Роби Телекабел  е човекот кој ја доближи кабловската телевизија најпрвин на Штип, потоа низ целата држава. Тој многу пати за себе ќе каже дека единствените пари кои ги имал, ги вложил во бизнис. Место да купи кола, тој започнал авантура во која не знаел како ќе се развива. Најпрвин почнал во Штип, каде имало голем интерес за приклучување. Потоа продолжил во Скопје и во останатите градови низ Македонија. По успешноста, решил да почне и со интернет, по што направил револуција со тој потег.  Од компанија со десетина вработени во 1997 година, Телекабел постигнува голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Следејќи го развојот во телекомуникациската сфера, за прв пат во 2001 година е поставена оптичка мрежа од страна на оваа компанија. Сепак најголемо достигнување естартот на кабелскиот интернет кој исто така за прв пат во Македонија стартува во мрежата на Телекабел. Оваа кабелска компанија е 8 години по ред во 200 најуспешни компании во Македонија. Во 2013 година е рангирана на 51 место на листата најуспешни. Прогласена е за најхумана компанија во Штип, најдобра компанија во Штип, МК Бренд на Македонија, а за 2011/12 и 2013/14 и за Супер Бренд на Македонија.074

Нова мобилна телефонија на пазарот кој ќе биде силна конкуренција на останатите провајдери

Откако Роберт Димитров успеа да направи успешна приказна со Телекабел, време беше да се сврти нова страница во бизнисот. Сега македонските граѓани ќе може да се опуштат и да разговараат на својот мобилен колку сакаат без да плаќаат големи сметки. Едноставните услови на новата мобилна телефонија ќе го направи овој оператор број 1 во Македонија. Едноставно е. Ако од било кои причини не сакате повеќе да бидете корисник на оваа мобилна мрежа, само ќе се исклучите. Потребно е само да доставите барање за раскинување на договор и телефонот ќе Ви биде исклучен. Тоа ќе се случи без притоа да плаќате пенали или други надоместоци како казна за раскинувањето. Склучувањето договор како и раскинувањето на договорот  се фактурира месечно, без разлика на кој датум го склучувате или раскинувате договорот. Оваа мобилна мрежа ќе има 3 пакети. Како што напишавме ќе биде без обврзувачки договор. Доставата на сим картичка ќе биде до вашиот дом или можност веднаш да ја подигнете во некој од нашите наплатни центри.

Ова се трите пакети кои ги нуди новиот мобилен оператор:tarifa

Повеќе информации околу приклучувањето на новата мобилна мрежа може да се добијат на: 074/747474; 074/747400; 074-600-000

 

Хуманата мисија на Телекабел и Роберт Димитров

На иницијатива на тогашниот градоначалник на Штип во 2010 година, бизнисмените во Штип да се вклучат во општествена одговорност, прв се јавува Димитров. Ги реновира фасадите на зградите во центарот на градот. Вложени 75 илјади евра за тоа. Дел од Трговскиот центар кој беше ругло, беше претворен во најмодерен изглед,со вложени 350 илјади евра. Фасадата на управната зграда на Телекабел беше направена во зграда со современ изглед. Во 2011 годинабеше започната најголемата зграда во Источна Македонија.Тоа беше инвестиција вредна од 6 милиони евра, за која беше платено  650 илјади евра комуналии. Беа донирани болничко комбе со фул опрема, телевизори, бесплатен интернет и кабелска за сите одделенија за Клиничкиот центар во Штип.  Беше донирано и возило за брзата помош. Во 2010 година го отвори Ангелс кафе направи да биде  мост до новото урбано живеење во Штип. Познати диџе-и и бендови беа присутни во градот и го кренаа нивото на ноќниот живот. Но, поради притисокот од инспекции и постојани закани, по пет години реши да го затвори ова култно место.

Атанас Димовски