Брегзит договорот отфрлен: што е следно? - Bits of insurance

Брегзит договорот отфрлен: што е следно?

Нацрт-предлогот на Брегзит договорот на британскиот премиер Тереза Меј беше офрлен од парламентот. Сега таа е во преговори со ривалите политичари за изнаоѓање на решение. Ако нејзиниот план не ги убеди, законодавците ќе го преземат процесот. Ова може да значи зачувување на поблиски врски со Унијата, или пак втор референдум. Со уште девет недели пред напуштањето на Европската Унија, кои се можните сценарија?bregzit

Брегзит само по име, или не сѐ уште

Останување во единствениот пазар на ЕУ и царинскиот режим можеби е единствениот начин договорот да биде прифатен. Ова е познато како „Норвешка плус“ за неговите поддржувачи, или „Брегзит само по име“ за противниците. Британија ќе мора да ги почитува правилата на ЕУ, и нема да се земе во предвид најголемата заложба на референдумот. Тоа е да се сопре неконтролираната емиграција од Европа, што секако не е поволно за компаниите. Владата бара продолжување на рокот за Брегзит 29-ти Март и повторно отворање на преговорите со ЕУ. Ова треба да помине во House of Commons. Меј може да изгуби неколку про-Брегзит министри, додека владеачката Конзервативна партија може да биде поразделена од било кога. Британија би ја напуштила ЕУ доцна во 2019-та или во 2020-та.

Зачленување во царинска унија

Меј од почетокот ветуваше дека Британија нема да се зачлени во царинска унија. Причина за ова е бидејќи тоа би ја спречило Британија да склучува нови трговски договори со други земји. Таа го повтори овој став во четвртокот пред тврдокорни застапници на Брегзит. Ќе ризикува оставки на министрите евроскептици и исто може да изгуби дел од поддршката на нејзината партија. Но ова може да биде доволно  за да се придобијат про-ЕУ Конзервативците и некои од пратениците Лабуристи. За нив ова е доволно блиску до официјалната политика на партијата и би го сметале за прифатливо. Со  ова исто доаѓа продолжување на рокот за преговори, по што Брегзит нема да се случи на 29-ти Март. И прашањето за границата со Ирска нема да биде затворено само поради останување во царинската унија.

Општи парламентарни избори

Неколку работи можат да доведат до предвремени избори. Лабуристите добиваат поддршка од незадоволните застапници на Брегзит и со помош на нивните гласови би се изгласала недоверба на владата.  По ова парламентот ќе мора да распише нови избори. Алтернативата е Меј самата да повика на предвремени избори бидејќи само вака може да добие втор мандат за нејзиниот договор. Ова сепак не би ги сменило многу бројките во парламентот.

Втор референдум

Ако Лабуристите пак не успеат да изнудат предвремени избори, тогаш друга опција е барање за распишување на втор референдум. Околу десет од Конзервативците се изјасниле дека се за тоа да се праша народот повторно, за што се исто и помалите опозициски партии. Но за да се организира втор референдумот ќе треба најмалку една година, со што Брегзит не би се случил на време.

Брегзит без договор

Ова е опцијата која и двете страни сакаат да ја избегнат. Парламентот е против и има механизми како да го блокира Брегзит.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: