Пораст на девизните резерви од минатата година - Bits of insurance

Пораст на девизните резерви од минатата година

Вкупните девизни резерви на крајот на минатиот месец достигнаа ниво од 2.877.400.000 евра, односно
10,3 милиони евра повеќе во споредба до декември 2018 година, покажуваат податоците на Народна
банка на Република Македонија (НБРМ).euros
На крајот на јануари лани, вкупните девизни резерви “тежеа“ 2.577.400.000 евра.
Хартиите од вредност, што зафаќаат најголем дел од вкупните државни девизни резерви, заклучно со
31.01.2019 година, имаа салдо од 2.223.900.000 евра, додека еден месец претходно изнесуваа 2.26.300.000
евра. На крајот на јануари лани, хартиите од вредност во државна сопственост беа на ниво од
2.093.100.000 евра.
Валутите и депозитите на крајот на јануари оваа година се позиционираа на 393.600.000 евра или 4,2
милиони евра повеќе во однос на декември лани. На крајот на јануари 2018 година тие изнесуваа
240.800.000 евра

Државното злато во пресметковниот период достигна вредност од 256.400.000 евра или 8,5 милиони евра
повеќе отколку еден месец претходно. Во јануари лани, монетарното злато имаше вредност од
239.600.000 евра