Учете од Триглав! Сите! - Bits of insurance

Учете од Триглав! Сите!

Минатата недела ни стигна писмо од родител кој имал апел за донации на социјалните мрежи за помош за лекување на 11 месечно бебе. Писмото Ви го пренесуваме во целост.

Почитувани, би сакал да Ве запознаам со една ситуација, која искрено позитивно ме изненади, а не очекував дека истата ќе ја доживеам во оваа наша жална Македонија. Жална поради тоа што здравствениот систем ни е целосно во распад, доцниме со повеќе десетици и стотици години позади нормалниот свет, а за кадарот кој остана не сакам ни да спомнувам… Но небитно, искрено посакувам некогаш работите да се средат за оние кои ќе останат. Како и да е, би сакал да го споделам она што ми се случи пред извесно време.

На нашето дете на 9 месечна возраст му беше откриена аномалија (која во нормални услови веројатно се гледа после самото породување), и како гром од веро небо ни дојде информацијата за состојбата. Не можевме да се собереме од шокот кој го доживеавме, но решивме дека мораме да се бориме и да превземеме конкретни мерки. Конкретните мерки (операција) за жал во Македонија не ја прават, па моравме да бараме чаре некаде надвор. И го најдовме, но кога го најдовме и ја видовме цената уште еден шок. Во денешно време тешко кој располага со толку пари и кој може веднаш да ги собере, па решивме да одиме со апел за помош. Собиравме средства благодарение на  пријатели, роднини и останати добронамерни луѓе, но еден момент најпозитивно ме изненади.

Еден ден ми заѕвони телефонот, непознат број, културно ме побраа од Триглав осигурување и ме известија дека го виделе апелот за помош на социјалните мрежи, по што самоиницијативно решиле да ме исконтактираат и да помогнат со одредена сума. Замислете, некој видел дека имате потреба од помош и Ве бара за да Ви помогне!? Во Македонија???

Благодарение на сите кои ги спомнав погоре средствата се собраа. Сега доаѓа најтешкиот дел но се надеваме дека ќе помине и тоа како што треба. Но ова што се случи, ова е дефинитивно најсветлата точка. Просто да не може човек да поверува дека во ова време има останато сеуште некој кој е добронамерен и спремен да помогне. Ете за тоа Триглав е неслучајно лидер на пазарот на осигурување. Ете за тоа Триглав осигурување е величина во однос на сите останати! И уште еднаш, Триглав, Ви благодарам од срце!!! Вие сте пример за човечност и за големина! Сите компании во Македонија, без разлика во кој сектор се, од Вас можат само да учат!

Гане Ангелов

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: