,,Леман Брадерс”: Банката која ја предизвика најголемата финансиска криза во светски рамки - Bits of insurance

,,Леман Брадерс”: Банката која ја предизвика најголемата финансиска криза во светски рамки

Инвестициската банка Lehman Brothers , со околу 640 милијарди долари во средства, на 15 септември 2008-та година објави банкрот. Тоа беше “искрата“ од која се разгоре најголемата светска финансиска криза. Овој банкрот се смета за најскап во американската корпоративна историја.

Некогаш угледната 158-годишна инвестициска банка, чиј колапс во септември 2008 година се поврзува со врвот на финансиската криза, вработуваше преку 25.000 луѓе кои работеа во компанијата пред стечајот.Leman Brothers

Како започна финансиската криза со Леман?

Lehman Brothers на времето четврта најголема инвестициона банка во САД, тогаш објави банкрот откако не успеа да добие потребна готовина. Веста дојде во исто време кога најголемата осигурителна компанија во САД, Аmerican International Group (АИГ) наводно побарала заем од Американската централна банка. Банката Bank of America, пак, ја купи американската инвестициона и брокерска компанија Merrill Lynch за околу 50 милијарди долари.

Lehman Brothers и Merrill Lynch имаа проблеми поради лоши инвестиции во хартии со вредност од хипотеки и други проблеми.

Исто така, американската влада во тој период презеде контрола врз  Fannie Mae и Freddie Mac – двете најголеми компании што даваа кредити за домување. Потоа Беар Стернс основана во 1923 година со капитал од 500 илјади долари (денешни 7 милијарди долари) беше купена од банката J.P.Morgan Chase.

Потоа беше многу јасно порадо лошиот пласман на кредити, се направи балон од лошо пласирани хипотекарни кредити. Со продажбата на лошите кредити и позајмувањето со залог на лоши заеми познати како bad debts се направи балон. Овој балон само експлодира кога Леман активираше барање за заштита од банкрот, поглавје 11 (Chapter 11 bankruptcy protection).

После ова беше веќе јасно дека ,,пандорината кутија” се отвори.  Колапсот, кој сеуште е рангиран како најголем банкрот во историјата на САД, рашири паника низ Вол Стрит, принудувајќи невиден спас на финансискиот систем. Глобалните пазари веднаш паднаа по веста за банкротот. Историскиот неуспех на Leman ја повлече другата банкарска институциона линија и хипотекарните компании. А тоа беа АИГ, Ситигруп, Кантри, Мерил Линч, Беар Стернс, Вашингтон Мутал, ИндиМак и други. Најголемите зајмувачи, како што се JPMorgan Chase, Банката на Америка, Дојче банк и Велс Фарго, беа обвинети за измама и придонесоа за најголемата финансиска несреќа од Големата депресија. По ова глобалните пазари веднаш почнаа да паѓаат по веста за банкротот.

Централната Банка на Словенија загуби 54 милиони евра во Леман

Тогаш и Централната Банка на Словенија се излажала и изгубила 54,1 милиони евра откако инвестирала во хартии од вредност на банкротираната американска инвестициска банка.

Според љубљански ,,Дневник” словенечката централна банка овие вредносни хартии ги купувала во периодот од 2001 до 2007 година, додека нејзин гувернер бил Митја Гаспари.

Но, „Дневник“ тогаш наведе дека вкупните словенечки побарувања од оваа пропадната инвестициска банка изнесуваат околу 115 милиони евра. Тоа значи дека покрај Централната банка, заглавиле и други финансиски институции.

10 години по кризата: До каде се реформите и опоравувањето?

Убавото време на банките со кризата во САД предизвикана преку Леман заврши.Профитите од „златните” времиња се далеку зад нив.Но, пристигна и времето на дополнителните барања за обезбедување на гаранции и цело море нови прописи.

Нормално ова беше токму поради слободата која ја имале банките, токму и поради тие прописи сега граѓанитеимаат поголема доверба во банките. Меѓутоа, тие прописи се толку големи и сложени што самите банки имаа вработено цела војска соработници кои само ќе ги проучуваат прописите. На пример, првиот меѓународен договор за регулација на безбедноста на банките, т.н. Базел1 во 1988 година беше собран на 30 страници. Наследникот на тој договор, Базел 3 кој е договорен во 2013 година е напишан на 600 страници. Додека американскиот закон „Дод-Франк Акт“ e со неверојатни 30.000 страници.

Со сите разни правила банките меѓусебно треба подобро да се согласат, не само на ниво на едно финансиско подрачје, туку и меѓународно.

Американскиот Претседател Доналд Трамп и неговите блиски соработници, од кои многумина доаѓаат токму од банките, веќе најавуваат помалку прописи во финансискиот свет. Секако, ТрампБелата Куќа и Вашингтон не ни помислуваат за тоа. Односно да бараат договор со Европа или со некој друг во врска со банките и финансискиот свет.

Мартин Зелке, претседател на Управата на „Комерцбанк“, се плаши дека ќе дојде до „ренационализација на регулативите” што само ќе ја отежни меѓународната соработка.

– Со тоа ќе се отежни сериозно работата на финансиските инситуции и место да одиме напред неколку чекори, ние се враќаме. Мора да се изнајде друг начин, – потенцира Зелке.

Елке Кениг предупредува со германската поговорка. А таа гласи „ништо не се јаде толку жешко како што се готви жешко” и дека промените веројатно ќе бидат помали од тоа што се најавува.

– Бидејќи инаку ќе ја затвориме кружницата и ќе стоиме повторно на почеток, вели таа што значи таму каде што се наоѓавме и пред избивањето на кризата.

Атанас Димовски