Половина милион евра од осигурување! - Bits of insurance

Половина милион евра од осигурување!

Кога човек ќе почине нема ни можност ни начин да го вратиме, но секако има начин да се надокнади првичниот финансиски шок кој го претрпува семејството. Ова важи посебно за случај каде починатиот е столб на семејството во делот на финансиите. Таков е случајот и со Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика во Србија и на Балканот.saban

Шабан Шаулиќ, кој што загина во сообраќајна несреќа во Германија, беше австриски осигуреник, а неговата сопруга од осигурителната компанија ќе наплати околу пола милион евра, пишува српски „Ало“.

Покојниот пејач, далечните девесети години започнал да уплаќа придонеси и данок во Австрија, каде што работел и поседувал дозвола за работа. Во тоа време во Србија немало такво нешто, па Шабан навреме се обезбедил.

Наместо да доживее австриска пензија, после трагедијата вредноста од осигурителната компанија која изнесува околу пола милион евра ќе може да ја подигне неговата сопоруга која е наведена како корисник во случај на смрт, дознава „Ало.рс“.

Гоца Шаулиќ со децата Михајло, Санела и Илда минува низ пекол поради смртта на нејзиниот сопруг, но над сето тоа, таа ќе мора даврати и 235.000 евра земени како капар за веќе договорни настапи, кои Шабан ги имал закажано речиси до крајот на годината.

Вдовицата на Шабан, која беше и негов менаџер, земала однапред 50 отсто од секој договорн настап, а некогаш дури и целата сума.

Како и да е, еве уште еден пример зошто е добро да се има животно осигурување…

Гане Ангелов