CoverWallet – онлајн осигурително-брокерски услуги преку платформа - Bits of insurance

CoverWallet – онлајн осигурително-брокерски услуги преку платформа

CoverWallet е insurtech компанија со визија, која овозожува онлајн осигурително-брокерски услуги за помалите фирми во Америка. Пред еден месец излезе со платформа за осигурителните агенти, преку која на брз ефикасен и едноставен начин се издава осигурување.  Со помош на оваа платформа, осигурителните агенти добиваат моќ да услужуваат повеќе клиенти подобро и побрзо од било кога. Според  Inaki Berenguer, CEO и со-основач на компанијата, повеќе од 40,000 осигурителни компании можат да ја користат платформата на CoverWallet.coverwallet

Платформата наречена “CoverWallet for Agents“ овозможува инстант полиси, поврзување на покритија, и потврда за осигурително покритие во реално време. Преку динамичка апликација која користи библиотеки на податоци и алатитичко процесирање, агентите инстантно добиваат пресметани премии за сите видови на индустрии. CoverWallet го има зголемено своето поле на работење за четири пати во последната година и има десетици илјади корисници. Со лансирањето на платформата, компанијата ја зголемува дистрибуцијата до милионите бизниси кои купуваат осигурување преку осигурителни агенти.

„Ја лансиравме CoverWallet for Agents користејќи ја напредната технологија која ја изградивме сами за нашата платформа за мали бизниси. Агентите се интегрален дел од осигурувањето на помалите фирми, и ние им помагаме да ја користат предноста на технологијата. Повеќе нема потреба да градат свои мрежи или да имаат директна врска со осигурителите“ – изјавува Aman Khaira, потпретседател на CoverWallet.

Пред јавно да ја лансирата платформата, CoverWallet спроведе пилот програма. Еден од учесниците во пилот програмата е Joel Wagner, основач на WHINS Insurance Agency. „Можноста брзо да се добие цена на осигурувањето со компетитивни премии за повеќе осигурители е голема предност на денешниот пазар. Платформата на CoverWallet е лесна за користење, и ги охрабруваме останатите независни брокери да ја искористат предноста на овој уникатен систем“.

Освен помага њето на малите бизниси да добијат соодветно покритие, осигурителните брокери имаат корист од:

  1. Плаќање со еден клик за корисниците кои плаќаат на годишно ниво, преку кредитни и дебитни картички, или банкарски сметки
  2. Динамичен онлајн водич кој покажува колку е можно одредена фирма да добие поволна полиса врз основа на локацијата и индустријата
  3. Автоматизирана анализа на ризикот, и анализа за колку ќе чини покритието и кои полиси обично се купуваат во одредена индустрија
  4. Едноставен систем за менаџирање со документите и инстантно генерирање на потврда за осигураност
  5. Автоматизација за додавање на дополнителни осигуреници во полисата
  6. Предиктивни анализи за препорачани покритија, како и споредба на ризикот и бројот на исплатени штети во истата гранка на индустрија

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: