Осигурување од автомобилска одговорност: Никогаш не бегајте од местото, ако удрите со вашата кола во друга кола-Еве зошто!!! - Bits of insurance

Осигурување од автомобилска одговорност: Никогаш не бегајте од местото, ако удрите со вашата кола во друга кола-Еве зошто!!!

Осигурувањето од автомобилска одговорност се прави неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај. Овој вид осигурување е задолжителен со закон и се прави еднаш годишно при регистрација на возилото. Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.Avtomobilska odgovornost SLIKA

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност. Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Зошто не треба да избегате од местото на предизвиканата штета

Свесни сте за фактот дека секое моторно возило претставува потенцијална опасност, дека со неговата употреба може да се нанесе материјална и нематеријална штета. Со купувањето полиса за осигурување, се заштитувате себеси и своето семејство, своето возило и другите учесници во сообраќајот од последици на можен несреќен случај. Токму поради тоа се прави и осигурителна полиса. Осигурувањето е тоа што ќе покрие се во однос на настаната штета, откако ќе се пополни европскиот записник. Поради тоа секој оној кој ќе предизвика сообраќајна незгода или пак ќе удри возило на паркинг, треба да размени информации со лицето на кој е предизвикана штетата на автомобилот. Осигурителната компанија ќе ја покрие штетата на незгодата. Во случај да има жртви или пак повреди, се повикува и полиција. Секој оној, кој ќе се осуди да избега од местото на несреќата, се соочува со сериозна затворска казна во понатамошната судска постапка. Затоа на крај, кога влегувате во автомобил, почитувајте ги правилата. Возете со прилагодена брзина на патиштата, колку што е предвидено. А во случај на незгода препуштете ѝ ја грижата за ризикот што произлегува од вашето возење на осигурителната компанија каде е осигуруан вашиот автомобил.

Атанас Димовски