Унгарската ОТП ја купува филијалата на „Сосиете Женерал“ во Црна Гора - Bits of insurance

Унгарската ОТП ја купува филијалата на „Сосиете Женерал“ во Црна Гора

Унгарската банка ОТП соопшти дека нејзината подружница во Подгорица, „Црногорската комерцијална банка“ склучила договор за купување на 90,56 отсто од акциите на филијалата на француската „Сосиете Женерал“ во Црна Гора, „Сосиете Женерал банка Монтенегро“ (СГМ).Societe-Generale

– Договрената цена за купување на 90,56 отсто од акцискиот капитал на СГМ изнесува 40.455.538 евра. Куповната цена по акција изнесува 461,81 евро, се наведува во соопштението на ОТП.

Со 11,5 процентни пазарно учество, СГМ е четврта по големина банка во Црна Гора.

Спроведувањето на купопродажниот договор се очекува во текот на следните месеци, а неговата брзина во голема мерка ќе зависи и од добивањето на потребните регулаторни одобренија.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: