Се зголемува заинтересираноста за застапник во осигурувањето: АСО информира дека се пополнети местата за мартовската обука - Bits of insurance

Се зголемува заинтересираноста за застапник во осигурувањето: АСО информира дека се пополнети местата за мартовската обука

Застапник во осигурувањето или попознат како агент за осигурување претставува лице кое врз основа на работен однос или друг договорен однос со друштвото за осигурување е овластено да склучува договори за осигурување во име и за сметка на тоа друштво. Агентот за осигурување е врска помеѓу друштвото за осигурување и клиентот, тој врши продажба на производите и ја врши целокупната комуникација со клиентот во моментот кога ќе настане штета, како и доколку биде потребно да се извршат одредени промени во текот на траење на осигурителното покритие. Агентот за осигурување се грижи за своите клиенти и уредно ги известува за истекот на нивното осигурително покритие.Zastapnik vo osiguruvanjeto (1)

Кои се може да стане застапник во осигурувањето

Застапник во осигурувањето може да биде физичко лице кое има лиценца за застапник во осигурувањето издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. За застапник во осигурувањето се смета и секое лице кое дополнително на својата основна професионална дејност врши работи на застапување во осигурувањето, односно работи на подготовка и склучување на договори за осигурување во име и за сметка на едно или повеќе друштва за осигурување, за производи на осигурување кои меѓусебно не си конкурираат.

Кои се условите за стекнување на лиценца за застапник во осигурувањето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето издава лиценца за застапник во осигурувањето на лицето кое ги исполнува следниве услови:

– да има положено стручен испит за застапник во осигурувањето;

– да има најмалку средно образование;

– да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– да не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување

или друго правно лице над кое е отворена стечајна постапка.

Стручниот испит за застапник се состои од два дела и тоа:

– Прв дел (теоретски дел) со кој се проведрува теоретското знаење на кандидатите; и

– Втор дел (практичен пример) со кој се проверува способноста за примена на законите во практиката.

Првиот дел од стручниот испит за застапник се полага по предметите:основи на управување со ризик и осигурување, законска регулатива од областа на осигурување, трговско и облигационо право, застапување во осигурување и етички кодекс, осигурување на живот и Неживотно осигурување.

Вториот дел од стручниот испит за застапник се состои од: практичен пример, прашања кои кандидатот треба да ги одговори врз основа на практичниот пример. Вториот дел од стручниот испит за застапник се полага за сите предмети од првиот дел од стручниот испит за застапник.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето само што објави за новата рунда обука, местата веднаш се пополнија

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на 26.02.2019 година преку соопштение ги извести сите заинтересирани лица дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).  Но, интересот се покажа голем ии по само три дена, 01.3.2019 година во 15 часот, АСО излезе со соопштение дека капацитетите се пополнети  за учество на обуката и стручниот испит. И поради тоа, останатите пријавити/барања за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени во предвид. Со ова се потврди дека заинтересираноста за застапник во осигурувањето станува се поголема и дека осигурителниот сектор полека но сигурно си го завзема местото во македонската економија.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: